fbpx

ДДВ за менструалните производи се намалува од 18% на 5%

Даночната реформа и намалувањето на ДДВ-то на производи за менструална хигиена од 18 на 5 проценти премиерот Ковачевски ги најави во декември минатата година

-

На предлог на Министерството за финансии, Владата на вчерашната седница утврди текстови на три предлози на закони, чиишто одредби се усогласуваат со директиви на Европската Унија и европското право, меѓу кои и Предлогот на законот за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.

„Се врши намалување на стапката од 18% на 5% за прометот со менструални производи со цел поттик за поголема заштита и хигиена кај одредена група на граѓани; се намалува даночната стапка за дигиталните учебници; се зголемува стапката на ДДВ од 5% на 10% на производи за човечка исхрана коишто не се дел од основните производи потребни за човечка исхрана; се зголемува даночната стапка за прометот и увозот на пелети, печки на пелети и котли на пелети од повластена даночна 5% на редовната стапка од 18%“, соопштија од Владата.

Даночната реформа и намалувањето на ДДВ-то на производи за менструална хигиена од 18 на 5 проценти, премиерот Димитар Ковачевски ги најави уште во декември минатата година откако здруженијата и активистите апелираа за намалување на данокот на овие производи.

Според резултатите од студијата за пристапот до менструална хигиена во земјава насловена „Менструална правда: проценка на состојбите со менструалната сиромаштија и препораки за унапредување на политиките“ на „Тииииит! Инк.“ и „Реактор“,  77 отсто од анкетираните жени и девојки трошат од 101 до 400 денари месечно на производи за менструација, или во просек 265,54 денари.

Оттаму, за една година жените трошат 3.186, 48 денари на менструални производи. Ако репродуктивниот период на жената трае од 12 до 52 години, во просек 127.459,2 денари трошат на менструални производи.

Протест за намалување на менструалната сиромаштија – „5% данок на производи за менструална хигиена сега!“

Владата на вчерашната седница го утврди и текстот на Предлог на закон за данокот на солидарност.

На повидок нова давачка, Владата повторно во игра го става Законот за солидарност

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...