четврток, 5 март, 2026
Meta.mk

Ознака: ДДВ | 101 резултати

Урдата, бебешките каши, наполитанките, цвеклото остануваат со ДДВ од 5 отсто

10 октомври 2023

Урдата, замрзнатото тесто, црвениот бибер и црвениот пипер, бебешките каши, адаптираното млеко за доенчиња, додатоците за исхрана за опаднат имунитет, хербалните чаеви, наполитанките и вафлите, растителниот кашкавал, останатите одредени видови кашкавали, лутеницата и конзервираното цвекло и феферони, се производи коишто ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ од 5 отсто. Таква одлука донела Владата […]

Koвачевски: Имаме најниско ДДВ во регионот и во Европа

7 октомври 2023

Откако Владата ја најави мерката за производи со повисоки цени, премиерот Димитар Ковачевски денеска кажа дека листата на производи со повластена стапка од 5 проценти на која се наоѓаат 1.600 производи, била детално прегледана од експерти и дека ДДВ-то во С. Македонија било најниско во однос на сите држави во регионот и од сите држави […]

Контраспин: Пиши-бриши на цените за „перки од ајкула“ и спинот на Владата околу грижата за инфлацијата

7 октомври 2023

Листата чиј лајт мотив беше „перка од ајкула“ сега се најавува дека допрва ќе се ревидира за производите кои изгубија повластен третман на данокот од 5 проценти, откако медиумите ја проверија и видоа дека на неа се наоѓаат стотици секојдневни производи. Претставниците на Владата и натаму продолжуваат со континуираниот спин дека тоа се однесува исклучиво […]

Компирот и бананите во иста група со кавијарот: Проверете кои „луксузни“ производи поскапуваат

6 октомври 2023

Од денеска, цените на голем број производи се зголемуваат, а трговците веќе почнаа да постапуваат по новата владина одлука за зголемување на ДДВ-то за одредени групи производи од 5 на 10 проценти. Според член 30-а од Законот за данокот на додадена вредност, „повластена стапка од 10 проценти се применува врз прометот и увозот на останатите […]

Донесен новиот закон за данокот за солидарност, Стопанска комора реагира дека ќе нанесе непоправливи штети

19 септември 2023

Откако денеска во Собранието беа изгласани измените на Законот за данок на добивка и Законот за данок на додадена вредност, но и новиот Закон за солидарност, набргу потоа реагираше Стопанска комора на Северна Македонија, која остро ги критикува одредбите на третиот закон. Порача дека овој закон е со погрешни мерки и ќе има погубни резултати […]

Собранието ги изгласа законските измени: Ќе поевтинат производите за менструална хигиена

19 септември 2023

По 10 месеци Собранието конечно ги изгласа измените на Законот за данокот на додадена вредност кој предвидува намалување на стапката од 18% на 5% за прометот со производи за менструална хигиена, со што ќе се намали продажната цена. Овие даночни измени лани, на 1 декември ги најави Димитар Ковачевски, а Владата на предлог на Министерството […]

Реактор: Собранието што побрзо да го усвои Законот за измена и дополнување на Законот за ДДВ

12 јули 2023

Независната истражувачка организација Реактор – истражување во акција, чии главни области на работа се родова еднаквост, млади и урбан развој, изрази задоволство за усвоените законски измени на вчерашната владна седница со кои ДДВ-то за менструални производи во иднина треба да се намали на 5 проценти и го повика Собранието што побрзо да го усвои Законот. […]

ДДВ за менструалните производи се намалува од 18% на 5%

12 јули 2023

На предлог на Министерството за финансии, Владата на вчерашната седница утврди текстови на три предлози на закони, чиишто одредби се усогласуваат со директиви на Европската Унија и европското право, меѓу кои и Предлогот на законот за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. „Се врши намалување на стапката од 18% на 5% […]

Бесими најави дека ДДВ-то на струјата од утре ќе се зголеми од 10 на 18 отсто

30 јуни 2023

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска потврди оти владата нема намера да ја задржи постојната даночна стапка на ДДВ од 10 отсто на сметките за потрошена струја за домаќинствата и малите потрошувачи. Ова значи дека од утре ДДВ-то ќе порасне од 10 на 18 отсто. Бесими вели дека порастот на стапката на ДДВ нема да […]

За скенирање сметки ќе се враќаат 2.100, а не 1.800 денари на три месеци

28 декември 2022

Граѓаните кои скенираат кодови на сметки ќе добиваат поврат на 2.100 денари за три месеци, а не 1.800, како што беше досега. Владата, на последната седница, даде зелено светло на Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за […]

АНАЛИЗА: Даночна реформа со нови давачки за хонорарците

31 август 2022

Со најавената даночна реформа, таргетирани се неколку даночни позиции – данок на доход, данок на добивка, ДДВ, воведување на зелен данок, пишува Порталб. Едно од решенијата што ќе предизвика бурни реакции е новиот концепт на оданочување на хонорарците, вработените на договор на дело. Еве кои се ставовите на експертите за ова решение. Оданочување на хонорарците […]

АНАЛИЗА: Даночна реформа – што ќе значи таа за “џебот” на граѓаните?

23 август 2022

Ако ја прашате власта – даноците нема да се зголемуваат, туку ќе се прошири даночната основа. Ако ги прашате економистите и фирмите – најавената даночна реформа ќе донесе нов “товар” на грбот на приватниот сектор. Порталб.мк преку ставови на економисти, бизнисмени, даночни експерти, невладини организации ќе анализира каков ефект ќе има најавениот нов даночен модел […]

Од полноќ горивата поскапи за околу 9 денари по литар, дизелот ќе чини 95 денари, 98-октанскиот бензин 106,5 денари

31 мај 2022

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) поради прекинот на владините мерки за намалување на акцизата и на ДДВ за горивата, кој е на полноќ, ги одреди новите највисоки цени на горивата, коишто ќе бидат на сила исто така од полноќ. Според денешната одлука, зголемувањето на цените за литар гориво […]

Протест за намалување на менструалната сиромаштија – „5% данок на производи за менструална хигиена сега!“

30 мај 2022

Намалување на менструалната сиромаштија, бидејќи менструалната хигиена не е привилегија, туку прашање од јавен интерес, беше едно од неколуте барања кои активистки од неколку граѓански организации на мирен протест пред Министерството за финансии денес ги упатија до надлежните институции. Тие побараа намалување на ДДВ-то и субвенционирање на менструалните производи во основните и средните училишта и […]

Цената на бензинот од ноќеска се намалува за 6,5, а на дизелот за девет денари, одлучи РКЕ

12 март 2022

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска заседаваше и донесе одлука со која од вечерва на полноќ се намалуваат цените на горивата. Одлуката следува по законските измени на Законот за додадена вредност и Законот за акцизите за намалување на ДДВ-то и акцизата на горивата кои синоќа ги изгласа Собранието. Регулаторната комисија одлучи цената на бензинот да […]

Основните прехранбени продукти ослободени од ДДВ, намалена и акцизата за горивата

12 март 2022

Собранието на С. Македонија доцна синоќа ги усвои измените на Законот за додадена вредност и Законот за акцизите. Со оваа одлука од  данок на додадена вредност се ослободуваат лебот, шеќерот, белото брашно, маслото за јадење, јајцата и оризот, додека за горивата ДДВ-то се намалува од 18 на 10 отсто. Пратениците ја намалија и акцизата на […]

(Видео) Се укинува ДДВ-то за основните прехрамбени продукти

9 март 2022

Премиерот Димитар Ковачевски на прес конференција презентираше 26 мерки кои се поделени во две категории меѓу кои е предвидено намалување на ДДВ-то, се воведува маржа, се намалува акцизата за поевтини горива. Владата предвидува и субвенции за струја, како и ваучери за загрозени категории граѓани и пензионери. Има и кредити за инвестирање на компаниите во проекти […]

Вистиномер: Не е точно дека цената на струјата „нема мрднато“ 4 години

28 октомври 2021

Изјавата на премиерот, дека во Македонија четири години не мрднала цената на струјата, е неточна. Имено, цената на струјата во последните две години двапати се зголеми со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), при што едно од овие поскапувања беше нивелирано со намалување на даноците, но второто покачување е реално, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу […]

АНАЛИЗА: Новите градоначалници ќе имаат повеќе пари за трошење – дали ќе имаат и поголема одговорност пред граѓаните?

28 септември 2021

Повеќе пари преку дотации по основа на персонален данок на доход и ДДВ од следната година ќе се слеваат во општинските каси. Владата предизборно стокми законски измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа со кои локалните власти ќе имаат на располагање повеќе финансии, пишува „Порталб“. Владата тврди дека на ваков начин општините […]

Намалениот ДДВ за струја стапи во сила, но сметките за јули ќе бидат повисоки за 12,3 отсто

19 јули 2021

Законските измени за намалување на ДДВ-то на електричната енергија од 18 на 5 проценти стапи на сила. Во Службен весник се објавени усвоените измени на Законот за ДДВ кои пратениците ги изгласаа во петокот. Ова значи дека граѓаните за потрошена електрична енергија отсега ќе плаќаат намален ДДВ на 5 проценти, одлука што ќе важи до […]

Страна 1 од 5