Фото: Jonas Leupe, Unsplash

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири информираше дека новата формулација на членот 102 од Законот за ААВМУ е во завршна фаза и следниот период истиот ќе биде претставен пред јавноста.

Имено, со укинувањето или промената на членот 102 од Законот за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (ААВМУ), би се овозможило влегување на јавни пари во медиумите.

Шаќири информираше дека за усогласување на Законот за ААВМУ со европската регулатива ќе бидат вклучени експерти, бидејќи се работи за комплексен процес.

Министерот исто така додаде дека била формирана работна група која била задолжена за формирање на Фонд за поддршка на медиумите во кои ќе бидат вклучени и радијата.

Шаќири потстети дека се издвоени 50 милиони денари за сите 120 телевизии и радија, со што се ослободуваат од годишните давачки спрема Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми.