fbpx

Измени во Кривичниот законик, за напаѓачите на новинари ќе следи затворска казна

-

По две години чекање, новинарите дочекаа нападите врз нив да се третират како напад врз службено лице, а со тоа и напаѓачите да добијат затворска казна. Измените на Кривичниот законик вчера беа усвоени од страна на пратениците во Собранието на РСМ. Претседателот Стево Пендаровски е следен на потег за да стави потпис на законските измени, по што истите треба да бидат објавени во Службен весник и да стапат на сила.

За напаѓачите на новинари и медиумските работници ќе следува зтворска казна. Истото важи и за нападите и заканите врз адвокати и здравствени работници. Демнењето и сексуалното вознемирување исто така станаа кривични дела.

Според измените на Кривичниот законик, за закани по живот кон медиумски работници, адвокати и здравствени работници, напаѓачите ќе одговараат со парична казна или со затворска казна до 6 месеци. А, доколку заканата предизвика чувство на страв или несигурност казната може да достигне и до една година затвор. Во случај насилство да е сторено врз овие лица, тогаш затворската казна изнесува од три месеци до три години.

„Со казната на овој член ќе се казни тој што делото ќе го стори спрема службено лице во вршењето на службата, адвокат, лекар или друг здравствен работник, новинар или друг медиумски работник или друго лице што врши работи од јавен интерес при вршењето на професионалните задачи или во врска со вршењето на професионалните задачи кои ги презема во рамките на своите овластувања или спрема повеќе лица“, пишува во измените на Кривичниот законик.

Законските измени предвидуваат и казни за јавно искажани закани за кривични дела на интернет, кои се поттикнати од каков било вид на дискриминација.

За прв пат во Кривичниот законик се додаваат и кривични дела како демнење и сексуално вознемирување. Со новите измени на законот се предвидува со парична казна или затворска до три години да се казни лицето за кој судот ќе утврди дека ве следи, прогонува, психички ве вознемирува, злоставува или застрашува, лично или преку пишана комуникација, како и ви ги злоупотребува личните податоци.

ЗНМ реагира, новинарката Илинка Иљоска од Мета вербално нападната поради направени фотографии од нерасчистено ѓубре

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...