fbpx

Измените на Кривичниот законик за новинарите кои требаше да бидат усвоени пред шест месеци заглавија во Собрание

-

Измените на Кривичниот законик сé уште се наоѓаа во постапка во законодавниот дом на Северна Македонија. Со измените се предвидува дека оние кои во иднина ќе ги напаѓаат новинарите, снимателите и фоторепортерите или ќе го попречуваат извршувањето на нивните работни задачи, би можеле да бидат казнети со затворска казна до 3 години. Овие измени ги предложи Министерството за правда во јуни годинава, пишува Порталб.мк.

Успешните реформи во медиумскиот сектор, ја доближуваат Македонија до Европската Унија.

На прашањето од Порталб.мк, од Владата соопштија дека предложените измени од Министерството за правда биле усвоени во август и сега се во Собрание. Сепак, предлогот за промени во Владата беше испратен многу порано, односно во првиот дел од годинава.

„Владата на седница ги изгласа измените на Кривичниот законик, во текот на август, и по нивното одобрување беа пратени во Собрание. Таму се веќе влезени во процедура. Кога ќе се изгласаат зависи од динамиката на работата на пратениците, односно на Собранието. Владата очекува пратениците брзо и едногласно да ги поддржат овие измени кои се многу важни за заштита на жените, новинарите од закани и насилство и овозможување побезбеден дигитален простор“, велат од Владата.

Сепак, политичката ситуација, следствено и таа во Собранието е многу напната. Земјата во моментов нема стабилно парламентарно мнозинство и се додека не се стабилизира, не се очекува да бидат одобрени овие измени.

Овие измени беше предвидено Собранието да ги одобри во мај, рече портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски во интервју за ТВ 24.

„Овие измени на Кривичниот законик во Министерството за правда се веќе направени, доставени се на разгледување до Владата. По истекот на рокот за забелешки, тие ќе бидат усвоени од Владата и ќе бидат испратени во собраниска процедура. Очекувањата се во втората половина на мај да се најдат на гласање пред пратениците“, рече Видиновски.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во Прес-конференција на 27 јули каде ги претстави предложените измени во Кривичниот законик, рече дека нападот врз новинарите ќе се третира како напад врз службеното лице и со ова, според него, значително ќе се зголеми безбедноста на новинарите, снимателите и фоторепортерите.

„Во иднина нападот на новинари ќе се третира исто како и напад врз службено лице. Исто така, остри казни се предвидени за закани и напади врз новинари. Дополнително, обвинителството во иднина во вакви случаи ќе постапува по службена должност. Со овие измени ставаме крај на досегашните практики на неказнивост на насилството врз новинарите, практика при што новинарите беа заплашувани, уценувани, затворани, неформално судени во постојан страв од политичка и институционална одмазда затоа што си ја вршеле работата правилно и професионално“, изјави Маричиќ.

Исто така, предложени се измени и за граѓанска одговорност за навреда и клевета, каде што значително се намалува сумата што ќе ја платат новинарите или медиумите, доколку евентуално загубат судски спор за навреда или клевета.

„Конкретно, новинарите во иднина ќе плаќаат најмногу 400 евра отштета за навреда и клевета, за разлика од сегашниот закон при што оваа сума беше 2000 евра. Со предложените измени, за уредниците надоместокот не смее да биде поголем од 2000 евра, за потсетување, со сегашниот закон е 10.000 евра, додека за правното лице од 15.000 евра сумата се намалува на 5000 евра максимум. обесштетување“, изјави Маричиќ.

Министерот за правда информираше дека како дел од овие измени ќе биде и казната за сексуално вознемирување. Односно, со предложените измени тој што ќе следи, набљудува неовластено начин или ќе се меша во личниот живот на друго лице или ако реши или се обиде да оствари несакан контакт со движење во просторот каде што е тоа лице, со злоупотребата на личните податоци, со употреба на медиуми и други средства за комуникација, или психички ќе злоупотребува, вознемирува или заплашува ќе се казни со пари или со затвор до три години.

Овие измени во Кривичниот законик ги иницираше Здружението на новинарите на Македонија, токму за да се стави крај на нападите врз новинарите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...