fbpx
Таг: МЖ Транспорт

таг: МЖ Транспорт

Од странство ќе бараме пари за воведување на аеродромскиот воз

Министерството за транспорт и врски ќе треба допрва да ја изработува физибилити студијата за оправданоста од воведување на директен воз од Меѓународниот аеродром Скопје до Транспортниот центар. Во изјава за „Мета.мк“, од надлежното министерство велат дека тие допрва ќе се одлучат од која меѓународна финансиска институција ќе побараат поддршка за реализацијата на овој проект. - Бидејќи се работи за голем...

Промената на локомотиви на граница го успорува превозот на патници и стоки

За разлика од земјите - членки на ЕУ, на граничните премини во земјава и денес се врши промена на локомотива при превозот на патници и стоки во железничкиот сообраќај. Особено кај патничките возови, менувањето на локомотивата изискува ангажирање на влечен парк од две железнички претпријатија, додека патниците чекаат дополнителни десетици минути и пристигнуваат подоцна до посакуваната дестинација. Во случајот на...

ТАВ би сакал да се воведе воз до скопскиот аеродром, но не и да инвестира во него

Воведувањето железничка врска до Меѓународниот аеродром „Скопје“ би била дополнителна придобивка за патниците, поради што и компанијата што управува со македонските аеродроми, „ТАВ Македонија“ ја поддржува идејата за воведување на аеродромски воз. Сепак, од компанијата велат дека нивната дејност е во областа на аеродромските операции и немаат намера да влегуваат во други бизниси. - Со оглед на тоа што ги...

Во ерата на брзи железници, возот од Скопје до Белград патува десет часа (инфографик)

За да го мине растојанието меѓу Скопје и Белград, на меѓународниот воз „Хелас експрес“ денес му се потребни 9 часа и 55 минути. Во 1989 година, до истата дестинација граѓаните со воз патувале 3 часа пократко. Без границата кај Прешево и Табановце, меѓународните возови пред распадот на СФР Југославија, од Скопје до Белград патувале 6 часа и 48 минути....

Половина од кинеските возови се неисправни и четврта година се без технички прием

Не само еден, туку половина од шесте нови кинески гарнитури веќе се неисправни. Оваа информација ја објави вицепремиерот Кочо Анѓушев во вчерашното интервју за телевизија „Сител“. Новите возови веќе четврта година по ред сообраќаат без извршен технички прием, поради тоа што од кинескиот производител се доставени со помалку седишта за патниците од она што било предвидено во тендерската документација...

Експресниот кинески воз за Битола „времено“ е укинат веќе цела година, прескапа била поправката

Експресниот воз „Хераклеа“ на релацијата Скопје - Битола е укинат веќе една година, без најави за негово повторно враќање во сообраќај. И покрај бројните реакции на граѓаните за повторно воведување на овој воз, од Железници на РСМ - Транспорт велат дека еден од новите кинески возови е расипан и неупотреблив за сообраќај. - Поради високата цена за поправка како и...

Меѓународни возови премалку, граѓаните приморани да плаќаат поскапи автобуски карти (инфографик)

Македонија е една од ретките европски земји каде меѓународниот железнички сообраќај е пред замирање. Покрај отсуството на експресни возови кон поголемите градови во текот на целата година, за граѓаните не се воведени ниту прекугранични возови кон Србија, Грција и Косово. Жителите од пограничните градови се приморани да плаќаат поскапи автобуски билети, поради фактот што националните железнички управи имаат организирано...

Грчката железница засега нема интерес за воведување воз од Битола до Лерин

И покрај тоа што пругата од Битола до Кременица на македонско - грчката граница е веќе изградена, на неа во скоро време нема да минуваат патнички возови. Грчкиот железнички оператор - TrainOse не е заинтересиран за воведување пограничен воз меѓу Битола и Лерин. Како што информираат за „Мета“ од Железници на РСМ - Транспорт, на 30 мај во Скопје...

Градска железница во Скопје: Прво анализа, потоа изградба

Проектот за воведување на градско - приградска железница во Скопје би создал услови за урамнотежен развој на главниот град, но најпрво ќе мора да се направат соодветни студии и да се пронајдат позначајни финансиски средства за неговата изведба. Владата во својата 4 - годишна програма за работа, во делот на инфраструктурата, го има вметнато проектот за воспоставување на приградски...

Градот Скопје и Железници размислуваат за комбиниран билет за воз и автобус

Град Скопје и Железници - Транспорт се заинтересирани за воведување на нова, комбинирана карта за патување со воз и јавен превоз во главниот град. Ваквиот билет веќе се користи во поголемите градови од развиените земји, а со него би им се овозможило на граѓаните со една карта да извршат трансфер од автобус во воз и обратно, со цел полесно...

Вработените во МЖ „Транспорт“ бараат плата до четврток

Независниот синдикат на машиновозачите и железничарите на Македонија, Синдикалната организација на вработените на подружница влеча на возови, Синдикалната организација СММ и Синдикалната организација на МЖ „Транспорт“ АД Скопје се приклучуваат кон најавата за прекин на работните обврски, доколку не се исполнат барањата за исплата на плата и материјални трошоци и здравствено осигурување. Ваквата одлука, како што соопштуваат денеска, е донесена...

Владата на денешната седница ќе расправа за пругата Куманово – Бељаковце

Владата на Република Македонија денеска во 9 часот ќе ја одржи 84 седница на која Македонски железници ќе информира за имплементацијата и состојбата на проектот „Рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII фаза 1 делница Куманово - Бељаковце“. На денешната седница министрите во владата ќе ја разгледаат и Информацијата за потребата од склучување на Договор за грант...

Заев: Ги разгледуваме можностите за трајно и системско решение на проблемите во МЖ

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претставници на Синдикалната организација на вработените на подружницата влеча на возови во МЖ „Транспорт“, предводени од претседателот на синдикатот, Ѓоко Илиевски. Од прес-службата на владата информираат дека на средбата било разговарано за наталожените проблеми со кои се соочува претпријатието, за условите за работа во кои работат работниците, како и за новите перспективи кои...

Железничкиот сообраќај е нормализиран, вработените го прекинаа штрајкот

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај е нормализиран, откако попладнево, на вработените во „МЖ-Транспорт“, им беше исплатена платата  за октомври. Денеска, со менаџерскиот тим на компанијата се сретнаа вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Од Министерството за транспорт и врски информираа дека денеска, најдоцна до утрешниот ден, ќе се обезбеди дел од потребните пари...

„МЖ – Инфраструктура“ го осудува штрајкот на машиновозачите и бара либерaлизација на пазарот

Јавното претпријатие „МЖ - Инфраструктура“ најостро го осудува штрајкот на машинскиот персонал во „МЖ - Транспорт“, се вели во соопштението на компанијата. „Во целата оваа ситуација „МЖ - Инфраструктура“ и „МЖ - Транспорт“ се заложници на една група работници - машиновозачи, бидејќи не постои друг оператор кој врши превоз на патници и на стока. Поради тоа и двете компании, а...

Дел од вработените на „МЖ – Транспорт“ го прекинаа штрајкот, возовите не сообраќаат

Вработените од работилницата за оспособување на локомотивите на „Македонски железници - Транспорт“ одлучија да го прекинат протестот поради кој повеќе од две недели е блокиран железничкиот сообраќај, информираше претставникот на иницијативниот одбор за протестот, Ѓоко Илиески. Вработените се сретнале со в.д. директорот на „МЖ - Транспорт“, Игор Коруноски, и било договорено по вчерашната исплата на половина од јануарската плата, втората половина да...

Игор Коруноски е нов директор на „МЖ-Транспорт“

Директорот за одржување влечни средства, Игор Коруноски, е новиот директор на „Македонски железници-Транспорт“. Владата го назначи на местото на Никола Костов кој пред неколку дена си поднесе оставка. Состојбата во железничкиот сообраќај сè уште не е решена, па патничките и товарните возови веќе една недела не сообраќаат поради штрајкот на вработените кои си ги бараат заостанатите плати. Владата обезбеди 70 милиони денари...

Трет ден возовите не сообраќаат поради штрајк на вработените

Патничките и товарните возови веќе трет ден не сообраќаат, бидејќи вработените на „Македонски железници - Инфраструктура“ бараат да им се исплатат заостанатите плати. Од „Македонски железници - Транспорт“ информираа дека пред почетокот на викендот на вработените ќе им биде исплатен вториот дел од платата за декември 2016 година, а до крајот на месецов и платата за јануари 2017 година. - Поради огромните проблеми...

Четири нови електрични локомотиви за обнова на возниот парк

МЖ „Транспорт“ и кинеската компанија „ЦРРЦ Џуџоу“ потпишаа договор за набавка на четири нови електрични локомотиви за обнова на возниот парк. Инвестицијата од осум милиони евра е обезбедена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). - Набавката на четирите нови електрични локомотиви практично значи обнова на возниот парк по 40 години и доближување до европските и до светските стандарди. Ќе...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...