fbpx
Таг: МЖ Транспорт

таг: МЖ Транспорт

Имаме богато железничко наследство, но немаме музеј и интерес за да го зачуваме (галерија)

Денот на македонските железничари и годинава беше симболично одбележан на 9 април. На овој ден, во далечната 1873 година се воспоставил сообраќајот на првата железничка линија меѓу Скопје и Солун. По 147 години од основањето на железницата во земјава, Македонија заедно со Албанија се последните земји во Европа кои немаат локација каде што може да се одбележи овој ден....

Aвтобусите на ЈСП и возовите со изменет возен ред поради полицискиот час

Железници на РСМ-Транспорт објавија план за сообраќај на патничките возови во услови на ограничено движење со важност од денеска на полноќ до 7 јуни до 24 часот. Денеска (4 јуни) нема да сообраќаат следниве возови: возот Скопје – Гевгелија – Скопје, кој од Скопје поаѓа во 16:55 часот; возовите на релација Скопје – Битола – Скопје, кои поаѓаат од Скопје во...

Нема конкретен датум кога ќе почнат да сообраќаат автобусите и возовите кон странство

Foto: Borce Popovski
Веќе четврти месец не сообраќаат редовните автобуски и железнички линии од земјава кон странските дестинации, а нема ниту конкретен датум кога би можело да отпочнат патувањата кон странските дестинации. Ограничувањата за премин на границите и различните услови што треба да ги задоволат граѓаните за да преминат граница на секоја одделна земја доведува до тоа превозниците да не ги вратат...

Студијата изработена, владата на потег за одлука за преструктурирање на железницата

Италијанската консултантска куќа „Pricewaterhouse Coopers Advisory S.r.l“ ја изработи Студијата за бизнис сегментација на Железници на РСМ - Транспорт, во која се понудени моделите за идно преструктурирање на државното железничко транспортно претпријатие во земјава, потврдија за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. Консултантите изработиле неколку сценарија за преструктурирање на Железница - Транспорт, но засега нема одлука за понатамошните чекори. -...

Возовите почнаа да сообраќаат по редовниот возен ред за годинава, автобусите делумно во нормала

Железници на РСМ - Транспорт го нормализираше патничкиот железнички сообраќај и од вчера ги врати сите линии од регуларниот возен ред за 2020 година во внатрешниот сообраќај, кој стапи на сила на 15 декември 2019 година. Меѓу Скопје и Битола сообраќаат по три воза дневно, меѓу Скопје и Гевгелија по два воза дневно, меѓу Скопје и Кочани по еден воз...

Патничките возови од утре ќе сообраќаат и за викендите, но со редуциран возен ред

Железници на РСМ-Транспорт од утре, 16 мај, ќе ги стави во функција патничките возови и за време на викендите. Возови во сабота и недела ќе има на релациите Скопје-Гевгелија-Скопје, Скопје-Битола-Скопје и Скопје-Велес-Скопје, додека нема да се сообраќаат возовите од Скопје кон Куманово, Кичево и Кочани. Почнувајќи од утре, на релацијата Скопје-Битола ќе сообраќаат возовите во 6:57 и 14:30 часот, додека...

За првомајските празници нема да сообраќаат патничките возови

Foto: Borce Popovski
Патнички возови за време на првомајските празници ќе нема. Граѓаните кои планирале да отпатуваат на пикник за продолжениот викенд ќе треба да го откажат ваквиот план или да користат друго превозно средство за патување. Од Железници - Транспорт информираат дека в сабота (2 мај) и в недела (3 мај) патничките возови нема воопшто да сообраќаат. В петок (1 мај), ќе сообраќаат...

Од понеделник нови измени во возниот ред на патничките возови

По скратувањето на полицискиот час во земјава, Железници -Транспорт направи нови измени во возниот ред на патничките возови, кои стапуваат на сила од полноќ на 27 април (понеделник). Со направените измени и понатаму нема да сообраќаат возови на релациите Скопје-Табановце-Скопје, Скопје-Кичево-Скопје и Скопје-Кочани-Скопје. Меѓу Скопје и Гевгелија ќе сообраќаат два воза дневно, со поаѓања од главниот град во 6:23 и...

Превозот на стоки со воз во март намален за околу 20 отсто, нема доцнења на испораката

Железници на РСМ - Транспорт во март 2020 година регистрирале намалување на обемот на превезена стока за околу 20 отсто во товарниот железнички сообраќај, споредено со март 2019 година. Станува збор за првични показатели, а конечните податоци сѐ уште се обработуваат. Сепак, епидемијата на корона вирусот во нашата земја нема директно влијание врз функционирањето на товарниот железнички сообраќај. Кинеската...

Од утре нова измена во возниот ред на патничките возови

Од Железници на РСМ - Транспорт информираат дека од утрешниот ден ќе има нова измена во возниот ред на патничките возови. На релација Скопје-Битола-Скопје ќе сообраќа по еден пар возови дневно, со поаѓање во Скопје во 6,57 часот и во Битола од 10,50 часот. Од Скопје за Гевгелија ќе има еден воз дневно, со поаѓање од Скопје во 6,23...

Од понеделник нови промени во возниот ред на патничките возови

Железници на РСМ - Транспорт информира дека од понеделник, 6 април стапуваат на сила новите измени на возниот ред на патничките возови. Со измените останува укинат патничкиот железнички сообраќај на релацијата Скопје-Табановце-Скопје, а возовите Скопје-Кочани-Скопје ќе изостануваат меѓу станиците Велес и Кочани. Од понеделник повторно ќе сообраќаат возовите меѓу Скопје и Битола, но со изменет возен ред. Меѓу Скопје и...

Допрва ќе се анализира дали возот е економски исплатлив како јавен превоз во Скопје

Министерството за транспорт и врски допрва ќе прави анализа за нивото на економска исплатливост на проектот за воспоставување на приградски железнички сообраќај во Скопскиот регион. Владата во својата 4 - годишна програма за работа ја вклучи идејата за користење на возот како средство за јавен превоз во Скопје со 4 железнички краци, вклучувајќи ги линиите кои би поаѓале од...

Патничките возови во земјава викендов нема воопшто да сообраќаат

Патничкиот железнички сообраќај во нашата земја викендов целосно ќе замре. Од Железници на РСМ - Транспорт информираат дека поради воведувањето на полицискиот час од 16 до 5 часот во сабота и недела, се врши и времена измена на возниот ред со која патничките возови во деновите од викендот нема воопшто да сообраќаат. Единствен исклучок ќе биде сообраќањето на патничките...

Полицискиот час го измени возниот ред на патничките возови

Железници на РСМ - Транспорт го измени возниот ред на патничките возови во услови на ограничено движење на граѓаните во периодот од 21 до 6 часот. Меѓу Скопје и Табановце, ќе сообраќаат единствено возовите кои главниот град поаѓаат во 6:45 и 16:30 часот, додека од Табановце ќе поаѓаат од 8:05 и 17:45 часот. Другите возови на оваа релација нема...

Корона вирусот го намали меѓуопштинскиот превоз на патници за 60 – 70 отсто

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на вчерашната прес-конференција соопшти дека меѓуопштинскиот превоз на патници е редуциран од 60 до 70 отсто на целата територија на земјава. Меѓународните линии се целосно прекинати врз основа на препораките на Владата, а контролата ја врши Државниот инспекторат за транспорт, се наведува во соопштението на владата. Како резултат на драстично намалениот број на патници...

Железницата заглавена во минатото – поволностите за патување со воз ретко се обновуваат

Владата секоја година дели субвенции за одржување на патничкиот железнички сообраќај, а Железници на РСМ - Транспорт не успева да привлече поголем број на патници во возовите. Лани со македонските возови патувале само 549.000 патници, што е еден од најлошите резултати во функционирањето на патничкиот железнички сообраќај во нашата земја. Математичката пресметка покажува дека во 2019 година со еден...

Корона вирусот го сопре сообраќањето на возот Скопје – Приштина

Три дена по повторното воведување на брзиот воз меѓу Скопје и Приштина, косовската компанија ТРАИНКОС вчера го сопре сообраќањето на возот поради случувањата поврзани со вирусот COVID 19, информираат од Железници на РСМ - Транспорт. Прекинувањето на железничката врска меѓу Македонија и Косово е на неопределено време. По подолго време, овој воз почна да сообраќа на 9 март. Станува...

Од 9 март повторно ќе сообраќа брзиот воз меѓу Скопје и Приштина

Железници на РСМ - Транспорт од 9 март повторно ќе го пушти во функција брзиот воз Скопје - Приштина - Скопје, информираат од ова железничко претпријатие. Возниот ред на возот не е променет, од Скопје ќе поаѓа во 16:10 часот, додека од Приштина ќе има поаѓање во 7:10 часот. Од железничкото претпријатие информираат дека овој воз меѓу двата главни...

ЕУ бара романските железници да ѝ ги вратат 570-те милиони евра помош

Европската Комисија (ЕК) ѝ нареди на романската влада да си ги поврати назад 570 - те милиони евра помош дадени на државното железничко претпријатие за товарен сообраќај „CFR Marfa“, пишува бугарскиот медиум „Капитал“. Од ЕК сметаат дека станува збор за незаконска помош што ѝ е дадена на државната компанија во периодот од над една деценија наназад преку отписи на...

Железницата лани со мал пораст во товарниот превоз, реформите чекаат нова влада (инфографик)

Железници на РСМ - Транспорт лани остварила минимален пораст на обемот на превезена стока во товарниот сообраќај, но каминскиот превоз и понатаму доминира во транспортот на стоки во нашата земја. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека со воз биле транспортирани 1.840.000 тони стока, додека со камиони во 2019 година биле превезени 69.395.000 тони. Во однос на остварените „тонски...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...