fbpx

Патничките возови од утре ќе сообраќаат и за викендите, но со редуциран возен ред

-

Железници на РСМ-Транспорт од утре, 16 мај, ќе ги стави во функција патничките возови и за време на викендите. Возови во сабота и недела ќе има на релациите Скопје-Гевгелија-Скопје, Скопје-Битола-Скопје и Скопје-Велес-Скопје, додека нема да се сообраќаат возовите од Скопје кон Куманово, Кичево и Кочани.

Почнувајќи од утре, на релацијата Скопје-Битола ќе сообраќаат возовите во 6:57 и 14:30 часот, додека од Битола за Скопје ќе има возови во 6:00 и во 12:51 часот. Меѓу Скопје и Гевгелија, секојдневно ќе се одржат поаѓањата од Скопје во 6:23 и 15:24 часот, додека од Гевгелија за Скопје ќе има возови во 5:40 и 15:10 часот.

На релацијата Скопје-Велес-Скопје ќе има возови секој ден, со поаѓања од главниот град во 5:45, 9:15 и 13:20 часот, додека од Велес за Скопје возовите ќе поаѓаат во 6:40, 12:10 и 14:24 часот.

Редуцираниот возен ред на патничките возови е во согласност со ограничувањето на движење на населението во периодот од 19 часот навечер до 5 часот наутро. Железничкото претпријатие допрва ќе соопшти кога ќе ги врати во сообраќај возовите на релација Скопје-Куманово-Скопје, Скопје-Кичево-Скопје и Скопје-Кочани-Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...