fbpx

Од понеделник нови промени во возниот ред на патничките возови

-

Железници на РСМ – Транспорт информира дека од понеделник, 6 април стапуваат на сила новите измени на возниот ред на патничките возови. Со измените останува укинат патничкиот железнички сообраќај на релацијата Скопје-Табановце-Скопје, а возовите Скопје-Кочани-Скопје ќе изостануваат меѓу станиците Велес и Кочани. Од понеделник повторно ќе сообраќаат возовите меѓу Скопје и Битола, но со изменет возен ред.

Меѓу Скопје и Битола од понеделник ќе сообраќаат возовите во 6:57 и 14:30 часот, додека од Битола кон Скопје ќе има возови во 5:45 и 12:51 часот. Од Скопје до Гевгелија ќе сообраќа воз во 6:23 часот, додека од Гевгелија за Скопје ќе има поаѓање во 16:55 часот. Возовите меѓу Скопје и Кичево ќе сообраќаат со вообичаените поаѓања планирани во возниот ред за 2020 година.

Меѓу Скопје и Велес ќе има поаѓања на возовите во 5:45 (привремено ново поаѓање), 6:23, 6:57, 9:15, 13:20, 14:30, 15:24, 16:55 и 19:15 часот. Од Велес за Скопје ќе се реализираат поаѓања на следниве возови: 5:45, 6:45, 8:16 (привремена измена на поаѓање), 12:10, 14:24, 15:24, 16:50 (привремено ново поаѓање), 18:40 часот.

За време на викенд, ќе сообраќаат единствено три воза во сабота, и тоа возот од Кичево за Скопје со поаѓање во 5:30 часот, возот од Битола за Скопје што поаѓа во 5:45 часот и возот од Велес за Скопје што поаѓа во 6:45 часот. Во недела патничките возови нема воопшто да сообраќаат, додека в понеделник наутро нема да поаѓаат возовите од Кичево за Скопје во 5:30 часот и од Битола за Скопје во 5:45 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...