fbpx

Возовите почнаа да сообраќаат по редовниот возен ред за годинава, автобусите делумно во нормала

-

Железници на РСМ – Транспорт го нормализираше патничкиот железнички сообраќај и од вчера ги врати сите линии од регуларниот возен ред за 2020 година во внатрешниот сообраќај, кој стапи на сила на 15 декември 2019 година.

Меѓу Скопје и Битола сообраќаат по три воза дневно, меѓу Скопје и Гевгелија по два воза дневно, меѓу Скопје и Кочани по еден воз дневно, меѓу Скопје и Велес има по девет пара возови дневно, додека меѓу Скопје и Куманово има четири воза дневно. Железничкиот сообраќај меѓу Скопје и Кичево е во прекин и понатаму, а ќе се воспостави со претстојниот период.

Покрај враќањето на нормалниот возен ред на патничките возови, во нормала пополека се враќа и меѓуградскиот автобуски превоз. Од вчера почнаа да сообраќаат четири автобуси дневно меѓу Скопје и Охрид на охридските превозници „Галеб“ и „Класик Компани“ и на скопскиот „Македонија сообраќај“. Меѓу Битола и Скопје е пуштена една автобуска линија на битолски „Транскоп“, а по еден автобус дневно сообраќа од главниот град и кон Дебар, Кочани, Богданци, Крива Паланка, Пехчево и Крушево.

Меѓуградскиот автобуски сообраќај од Скопје функционира кон Прилеп со одржување на две линии дневно, а по две поаѓања има и за Кавадарци. Кон Гевгелија, Богданци, Демир Капија и Струга има по три автобуски линии што се одржуваат од Скопје. Заклучно со денешниот ден, од Скопје има по четири поаѓања за Струмица, пет поаѓања за Гостивар и шест поаѓања за Неготино. Меѓуградски автобуски превоз има и меѓу Кочани и Охрид, којшто го одржува охридски „Галеб“.

Покрај тоа што не може да се патува со воз, во целосен прекин е и автобускиот превоз меѓу Скопје и Тетово. Кон соседните градови, со автобус од главниот град може да се патува кон Куманово со осум поаѓања дневно, како и кон Велес со 14 поаѓања во текот на денот, се вели во известувањето од скопската автобуска станица „Руле турс“.

Редукцијата на меѓуградскиот превоз во нашата земја е резултат на појавата на корона вирусот и заштитните мерки што ги донесе владата за да се спречи неговото ширење. За да можат да вршат превоз, автотранспортните претпријатија мораат да го ограничат бројот на патници на максимум 50 отсто од вкупниот капацитет на нивните возила.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...