fbpx

Превозот на стоки со воз во март намален за околу 20 отсто, нема доцнења на испораката

-

Железници на РСМ – Транспорт во март 2020 година регистрирале намалување на обемот на превезена стока за околу 20 отсто во товарниот железнички сообраќај, споредено со март 2019 година. Станува збор за првични показатели, а конечните податоци сѐ уште се обработуваат. Сепак, епидемијата на корона вирусот во нашата земја нема директно влијание врз функционирањето на товарниот железнички сообраќај. Кинеската економија и транспортот на контејнери од и до оваа земја периодов повеќе го определуваат опаѓањето или порастот кај обемот на превезена стока со возови низ нашата територија.

– Ова се должи на намалениот број на возови со контејнери кои од НР Кина преку пристаништето Пиреа во Грција со возови се транспортираа во Европската Унија. Во втората половина на март, се бележи нормализирање на превозот на стока дури и благо зголемување, но не може да се констатира дека тоа е поради појавата на корона вирусот туку од претходно потпишаните договори – информираат за „Мета.мк“ од Железници на РСМ – Транспорт.

Од железничкото транспортно претпријатие велат дека не се регистрирани ограничувања на движењето на граничните премини во товарниот железнички сообраќај, а корона вирусот не предизвикала доцнење на испораката на стоки.

Она што е забележливо, посочуваат од железничкото претпријатие, е зголемување на интересот за превоз на стока од нашите компании во овој период. Сепак, важен аспект за тоа дали ќе има зголемено користење на железничкиот транспорт е цената за превозот на стоките.

– Ограничувачки фактор е тоа што нашата железница не е во можност да понуди вкупна цена (од почетна до крајна точка на превозот на стока) по единица тон, затоа што секој железнички превозник наплаќа на сопствена територија (и ја определува цената за сопствената територија), додека кај камионскиот превоз тоа не е ограничувачки фактор – потенцираат од Железници на РСМ – Транспорт.

Од железничкото транспортно претпријатие информираат дека на располагање на македонските компании во моментов им стојат 585 товарни вагони од различни видови, додека вкупниот инвенторски парк на Железници на РСМ Транспорт изнесува 1.242 вагони за превоз на стока.

Од компанијата информираат дека и покрај намалениот обем на превезена стока во текот на март 2020 година, во првите два месеца од оваа година е забележан пораст на товарниот железнички сообраќај за околу 18 отсто во однос на 2019 година.

За разлика од камионскиот транспорт, превозот на стоки со железница се одвива со менување на локомотива и машиновозачи на самите гранични премини меѓу земјите, со што се исклучува можноста за евентуално пренесување на корона вирусот преку граница. Исто така, еден товарен воз може да превезе обем на стока еквивалентен на десетици камиони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...