fbpx

За првомајските празници нема да сообраќаат патничките возови

-

Патнички возови за време на првомајските празници ќе нема. Граѓаните кои планирале да отпатуваат на пикник за продолжениот викенд ќе треба да го откажат ваквиот план или да користат друго превозно средство за патување.

Од Железници – Транспорт информираат дека в сабота (2 мај) и в недела (3 мај) патничките возови нема воопшто да сообраќаат. В петок (1 мај), ќе сообраќаат само два воза. Од Битола за Скопје ќе сообраќа возот бр. 640, со поаѓање во 6 часот. Од Гевгелија за Скопје ќе сообраќа возот бр.630, со поаѓање во 5,40 часот. Други возови за време на првомајските празници нема да има, бидејќи полицискиот час е од 14 часот попладне до 5 часот наутро.

Во периодот по понеделник (4 мај), патничките возови ќе сообраќаат по изменетиот возен ред којшто стапи на сила на 27 април годинава. Возовите ќе продолжат да возат по редуциран возен ред, при што целосно ќе изостанат на релациите Скопје-Табановце-Скопје, Скопје-Кочани-Скопје и Скопје-Кичево-Скопје до крајот на мерката за ограничено движење на населението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...