Студијата изработена, владата на потег за одлука за преструктурирање на железницата

-

Италијанската консултантска куќа „Pricewaterhouse Coopers Advisory S.r.l“ ја изработи Студијата за бизнис сегментација на Железници на РСМ – Транспорт, во која се понудени моделите за идно преструктурирање на државното железничко транспортно претпријатие во земјава, потврдија за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски.

Консултантите изработиле неколку сценарија за преструктурирање на Железница – Транспорт, но засега нема одлука за понатамошните чекори.

– До овој момент, Министерството за транспорт и врски ја информира Владата на Република Северна Македонија за изготвената анализа – информираат од ова министерство.

Конкретните сценарија за преструктурирање на ова претпријатие не ги откриваат од Министерството за транспорт и врски, но искуствата од соседните земји кои се понапред од нас со либерализацијата на железничкиот транспорт се познати. Примерот на Грција нуди приватизација на државната железница и влез на дополнителни приватни компании што ќе сообраќаат по пругите.

За разлика од нашиот јужен сосед, Бугарија, Србија, Хрватска и Романија извршија сегментација на државната железница на посебни претпријатија за товарен и патнички железнички сообраќај, при што го укинаа монополот што го има државата во транспортот на стоки по пругите, преку влез на дополнителни приватни оператори. Во Црна Гора беше поделено железничкото претпријатие на две посебни компании за товарен и патнички превоз, но засега не е дозволен влез на приватни оператори што ќе сообраќаат на нивната железничка инфраструктура.

Од сите земји по кои минува паневропскиот Коридор 10, Македонија остана единствена во која не е создаден либерализиран железнички пазар и конкуренција меѓу неколку превозници кај транспортот на стоки со возови. Како резултат на ова, економските субјекти се жалат на високите тарифи за превозот на стока со возовите, обемот на превезена стока во товарниот железнички сообраќај е мал, додека јавното претпријатие за железничка инфраструктура трпи загуби поради неискористениот максимален капацитет на пругите за проток на возови.

Железници на РСМ – Транспорт подолг период наназад е најголемиот државен должник, кој според податоците на Министерството за финансии, до крајот на минатата година акумулирало долгови од речиси 54 милиони евра.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...