fbpx

Полицискиот час го измени возниот ред на патничките возови

-

Железници на РСМ – Транспорт го измени возниот ред на патничките возови во услови на ограничено движење на граѓаните во периодот од 21 до 6 часот. Меѓу Скопје и Табановце, ќе сообраќаат единствено возовите кои главниот град поаѓаат во 6:45 и 16:30 часот, додека од Табановце ќе поаѓаат од 8:05 и 17:45 часот. Другите возови на оваа релација нема да сообраќаат.

Меѓу Скопје и Велес, редовно ќе сообраќаат единствено следниве возови: 6:57, 13:20, 15:24 и 19:15 часот. Промени има и кај возниот ред на релацијата од Велес до Скопје, па така тие ќе поаѓаат единствено во 6:45, 12:10, 14:24, 16:50 и 18:39 часот. Од Скопје до Гевгелија предвиден е само еден воз дневно, со поаѓање во 6:57 часот, додека од Гевгелија ќе поаѓа во 16:55 часот. На релацијата Скопје-Кичево-Скопје, од главниот град ќе поаѓа возот во 16:45 часот, додека од Кичево возот ќе тргнува во 6:30 часот.

Со промените во возниот ред во претстојниот период нема да сообраќаат возовите меѓу Скопје и Кочани, како и возовите меѓу Скопје и Битола.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес – конференција информираше дека железницата мора да го почитува ограничувањето на капацитетот за превоз на патници за 50 отсто или задолжителното физичко одвојување на растојание помеѓу патниците од најмалку 2 метри. Министерот Сугарески дека дневно во просек во март 2019 година со воз биле превезувани околу 1.800 патници, додека со појавата на корона вирусот годинава бројката опаднала на околу 400 патници дневно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...