fbpx
Таг: МЖ Транспорт

таг: МЖ Транспорт

Патничките возови од денеска со изменет возен ред поради полицискиот час

Поради воведувањето на полициски час во земјава во периодот од 10 до 22 март, Железници на РСМ-Транспорт ги известува патниците дека ќе има изменет возен ред на патничките возови. На релацијата Скопје-Битола-Скопје, патничките возови во наредните 12 дена ќе поаѓаат од Скопје во: 6:57, 13:49 и 17:25 часот. Возовите од Битола за Скопје ќе поаѓаат во: 5:30, 12:51 и 17:45...

Реформи во железничкиот сектор нема, количеството на превезени стоки лани било намалено [инфографик]

Железници на РСМ-Транспорт лани со своите товарни возови успеала да превезе 1.744.000 тони стока, што е за речиси 100.000 тони помалку во однос на 2019 година. Наспроти неа, со камиони во 2020 година во земјава биле превезени 64.844.000 тони стока со вклучен транзит, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Товарниот патен превоз е во апсолутна доминација, додека железничкиот...

Со долговите што ги има, Железницата може да ни ја „приватизираат“ преку присилна наплата

Долговите што ги има натрупано најголемиот државен загубар во земјава, Железници на РСМ-Транспорт се високи како Монт Еверест. Доколку државните власти, под итно не преземат конкретни мерки за нивна санација, железницата нема да има потреба да се приватизира или да се склучува јавно-приватно партнерство за нејзина трансформација, бидејќи преку присилна наплата на долговите би можело да се реши прашањето...

Откако студентите и средношколците не патуваат поради ковид-19, возовите се попразни од кога било претходно [инфографик]

Патничкиот железнички сообраќај во земјава продолжува да руши неславни историски рекорди, коишто лани беа предизвикани првенствено од ковид-19 пандемијата. Со возовите лани биле превезени скромни 253.058 патници, информираат за „Мета.мк“ од Железници на РСМ-Транспорт. Од железничкиот превозник велат дека намалувањето на превезените патници во земјава е за околу 50 отсто во споредба со 2019 година, а притоа треба да се...

По втор пат за седум месеци, излета од шини патничкиот воз на линијата Скопје-Кочани

За само седум месеци, втора железничка несреќа во која учествувал патничкиот воз Скопје-Кочани. Сообраќајќи со десетина патници, вчера околу 17:20 часот овој воз излетал од шините во Овче Поле, јавува СДК.МК. Медиумите пишуваат дека во несреќата немало повредени лица, но засега МВР нема објавено повеќе детали за железничката несреќа. Од објавените фотографии што можат да се видат на социјалните мрежи,...

За железницата 2020 е промашена година, наредниве 12 месеци да нема одложување на проектите

За развојот на железничката инфраструктура и транспорт во земјава, минатата година претставуваше период што го одбележаа мноштво негативни и многу малку позитивни настани. Со право може да се констатира дека 2020 беше промашена година за железницата, ако се земе во предвид фактот дека беше сопрена изградбата на пругата Куманово-Бељаковце како прва фаза од Коридорот 8 кон Бугарија и беше...

Одобрени 8 милиони евра повеќе во Пакетот 4 за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница донесе одлука за нов пакет мерки за поддршка во справувањето со последиците  од КОВИД-19 кризата. Одобрени се околу 8 милиони евра плус (над 488 милиони денари) како дополнителен сет на мерки за да се излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од ковид кризата, информираат од владината...

Догодина 6,5 милиони евра за патничкиот превоз, нема чаре за расипаните кинески возови

Во недела, 13 декември стапува на сила новиот возен ред на патничките возови за 2021 година, којшто не носи значајни измени кај бројот на возови во патничкиот железнички сообраќај во земјава. Бројот на возови догодина останува идентичен како и изминатава година, со исклучок на укинувањето на меѓународниот воз за Белград и Солун во летните месеци. Нема новини ниту во...

Возен ред на Железници за 2021 година – возот за Белград и Солун нема да сообраќа [инфографик]

Железници на РСМ-Транспорт го изготви новиот возен ред на патничките возови за 2021 година, којшто ќе стапи на сила 13 декември годинава. Во домашниот железнички сообраќај ќе нема значајни измени во бројот на возовите што ќе сообраќаат кон Табановце, Велес, Битола, Гевгелија, Кочани и Кичево, додека во меѓународниот превоз целосно е укинат експресниот воз од Скопје за Белград и...

РЕПОРТАЖА: Црно ѝ се пишува на пругата Велес-Кочани по завршувањето на новите патишта на Истокот

Од Скопје до Штип со автомобил се стасува за 45 минути по новиот автопат којшто лани беше пуштен во употреба. Наредната година ќе биде отворен целосно за сообраќај и експресниот пат Штип-Кочани, по кој меѓу главниот град и Кочани ќе може да се стигнува за помалку еден и пол час. Источниот дел од Македонија како никогаш досега се гради...

Владата најавува јавно-приватно партнерство за реформи во Пошта, Железници и други државни загубари

Владата најавува реформи во државните загубари, кои преку јавно-приватно партнерство или приватизација би го надминале проблемот со натрупување на загуби во нивното работење. Владата на вчерашната седница го утврди новиот текст на Законот за изменување на Законот за поштенските услуги, којшто, согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија ќе биде доставен на усвојување на пратениците. „Владата...

Европската комисија не гледа напредок во реформите во транспортот, железницата со најмногу критики

Извештајот за напредокот на нашата земја за 2020 година на Европската комисија (ЕК) е преполн со критики во областа на транспортот. И покрај тоа што е наведено дека Северна Македонија е „умерено подготвена во оваа област“, веднаш потоа во Извештајот се наведува дека потребна е зголемена политичка посветеност за да се испорачаат неопходните секторски реформи во транспортот и да...

Железница мака мачи со сервисирањето на кинеските возови, возниот ред едвај се одржува

И покрај тоа што летово не сообраќаа брзиот воз Скопје-Приштина-Скопје и експресните возови за Белград и Солун, Железници на РСМ-Транспорт едвај го одржува актуелниот возен ред со само 15 предвидени поаѓања на возови дневно од скопската железничка станица. Изминатово лето 40 дена не сообраќаше патничкиот воз меѓу Скопје и Кочани поради поправка на расипаната локомотива што го влечеше овој...

Поради корона кризата, меѓународните возови од Скопје летово воопшто не сообраќаа

Меѓународниот воз „Хелас експрес“ од Солун за Белград денеска за последен пат требаше да мине низ скопската железничка станица. Сепак, возовите за Солун и Белград од Скопје годинава воопшто не сообраќаа во летниот период. Поради тоа што корона кризата ги затвори границите со Грција и Србија, овој воз не отпатува ниту еднаш до својата крајната дестинација од почетокот на...

Железничките станици во Тетово, Гевгелија и Скопје се реконструираат, патници на станиците нема

Трите железнички станици во Тетово, Гевгелија и Скопје годинава е предвидено да се санираат со финансиски средства обезбедени од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Во Тетово во тек е темелна реконструкција на станичната зграда, со која ќе се обноват чекалната, билетарата, санитарните јазли и останатите простории во рамките на железничката станица, а предвидена е и санација...

Воведувањето комбиниран билет за воз и јавен превоз ќе почека на надминување на корона кризата

Ковид-19 кризата е причина за прекинување на сите контакти меѓу Градот Скопје и Железници на РСМ-Транспорт околу можноста за воведување на комбинираниот билет за воз и јавен превоз, како и други поволности за патниците што ги користат овие средства за масовен превоз. Од Град Скопје за „Мета.мк“ информираат дека вработените во нивниот Сектор за сообраќај имале контакт со Железници...

Велосипед во македонските возови и понатаму не може да се превезе, „На Точак“ со петиција

Граѓанската иницијатива „На Точак“ пред парламентарните избори ја започна петицијата #МојатаЦрвенаВелоЛинија, со која на политичарите (пратеници и членови на извршната власт) им поставија 10 конкретни барања за унапредување на велосипедскиот сообраќај во земјава. Меѓу нив, на високото четврто место се наоѓа барањето Македонски железници да овозможат превоз на точаци во возовите низ земјава. Онлајн петицијата досега е потпишана од над...

Комбиниран билет за воз и јавен превоз нема, дивите таксисти со полни раце работа (инфографик)

Фото: Борче Поповски
Нема никакво придвижување од надлежните власти за воведување на комбиниран билет за воз и јавен превоз, којшто би го користеле граѓаните кои секојдневно патуваат меѓу Скопје и околните градови Велес, Куманово и Тетово. Од Железници на РСМ-Транспорт за „Мета.мк“ информираат дека досега немале разговори со Град Скопје и ЈСП-Скопје околу можноста за воведување на комбиниран билет за воз и...

Превозот на патници со меѓународни возови и годинава ќе руши неславен рекорд (инфографик)

Неславен биланс на превезени патници во меѓународниот железнички сообраќај регистрирал Државниот завод за статистика. Во 2019 година биле превезени најмалку патници со воз кон странските дестинации во минатата деценија, а годинава за првпат во историјата е веројатно Македонија да нема ниту еден превезен патник со воз во меѓународниот железнички сообраќај поради затворените граници како резултат на пандемијата со ковид-19. Меѓународните...

Ковид-19 го преполови бројот на патници во возовите, граѓаните со воз не можат во странство

Ширењето на корона вирусот во нашата земја го преполови бројот на патници во возовите во домашниот железнички сообраќај и целосно го сопре функционирањето на меѓународните возови кон Белград, Солун и Приштина. Од Железници на РСМ - Транспорт за „Мета.мк“ информираат дека сите возови во домашниот железнички сообраќај сообраќаат по важечкиот возен ред, а до 1 јули повторно се пуштени...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...