fbpx

Градот Скопје и Железници размислуваат за комбиниран билет за воз и автобус

Доколку се реализира проектот, граѓаните од внатрешноста во иднина со еден билет би можеле да патуваат со воз до Скопје и без проблем да се прекачат во јавен превоз за да стигнат до крајната дестинација. Ваквата опција би постоела и за скопјани кои патуваат со воз до било кој град

-

Град Скопје и Железници – Транспорт се заинтересирани за воведување на нова, комбинирана карта за патување со воз и јавен превоз во главниот град. Ваквиот билет веќе се користи во поголемите градови од развиените земји, а со него би им се овозможило на граѓаните со една карта да извршат трансфер од автобус во воз и обратно, со цел полесно да стигнат до посакуваната дестинација во некој друг град. На тој начин, градските власти би го поддржале зголемувањето на мобилноста на граѓаните.

Од Железници – Транспорт за „Мета“ велат дека користењето на комбиниран билет би било во функција на сите оние што ги користат услугите на железницата и на јавниот превоз во Скопје. Голем интерес за воведувањето на комбиниран билет за воз и автобус има и од Град Скопје, од каде нагласуваат дека комбинираниот превоз ќе стане многу попримамлив за граѓаните по воведувањето на новата мрежа на автобуски линии, на која во моментов се работи.

Од железничката транспортна компанија се надеваат дека еден ваков проект со помош на владата ќе може да се реализира за да се обезбеди заедничка понуда на единствен билет за патниците кои патуваат со воз и јавен превоз во Скопје.

– Станува збор за еден пообемен проект кој треба да вклучи истражување поврзано со дефинирање на навиките на корисниците на овие услуги и нивните потреби – нагласуваат од Железници – Транспорт.

Идејата за воведување на комбиниран билет за воз и јавен превоз во Скопје би помогнала во надминување на проблемот со дивите превозници, кои секогаш можат да им понудат превоз на граѓаните до крајната дестинација во главниот град. Ваквата возна карта ќе значи голем бенефит и за стотиците граѓани од Велес, Куманово и другите населени места кои секојдневно патуваат со воз до Скопје, при што за продолжување на нивното патување до крајната дестинација се приморани да ја купат или да ја надополнат картичката „Скопска“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...