fbpx

Ковачевски: Деталите за техничката влада ќе се дознаат до 25 јануари

Тој појасни дека СДСМ оваа седмица ги поминал сите процедури за партиските кандидати за техничката влада

-

Средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе се случи идната година, пред или по празниците, изјави денеска премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

На свеченото отворање на спортската сала „Наум Наумовски-Борче”, попозната како „Партизан“, во скопски Карпош, Ковачевски рече и дека сите детали за техничката влада ќе бидат познати најдоцна до 25 јануари.

Тој појасни дека СДСМ оваа седмица ги поминал сите процедури за партиските кандидати за техничката влада.

СДСМ ги објави кандидатите за техничката влада

Јован Митрески е кандидат на СДСМ за Претседател на Собранието до завршување на мандатот на парламентарниот состав 2020-2024 година, соопшти владејачката партија.

Како кандидат за Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Централниот одбор ја утврди Славица Грковска. Кандидат за Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции е избран Фатмир Битиќи, Бојан Маричиќ е кандидат за Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања, а кандидат за министерка за култура е избрана Бисера Костадиновска Стојчевска.

За кандидат за министерка за животна средна и просторно планирање е избрана Каја Шукова, кандидат за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е Љупчо Николовски, кандидат за министер за транспорт и врски е избран Благој Бочварски, а за одбрана – Славјанка Петровска.

Централниот одбор утврди и кандидати од СДСМ за заменици министри:

-Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик министерка за правда;
-Маја Манолева, заменик министерка за здравство;
-Александар Бајдески, zЗаменик министер за информатичко општество и администрација;
-Филип Николовски, заменик министер за финансии;
-Мики Крстев, заменик министер за локална самоуправа.

За кандидат за дополнителен заменик министер за внатрешни работи Централниот одбор на СДСМ го утврди Митко Бојмацалиев, актуелен шеф на кабинет на министерот Спасовски. За кандидат за дополнителен заменик министер за труд и социјална политика ја утврди Јована Тренчевска, претседателка на Форум на жени и актуелна министерка.

За Шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ, Централниот одбор го избра генералниот секретар, Миле Зечевиќ Вардарски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...