Либански Хезболах истрела ракети кон Израел

Во меѓувреме, државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, се на одделни дипломатски мисии посветени на престанок на тримесечната војна на Газа

-

Либанската милитантна група Хезболах, истрела ракети кон врз воена база во северен Израел. Израелската војска соопшти дека се идентификувани приближно 40 лансирања од Либан кон областа Мерон без да даде извештај за жртви или материјална штета.

Според соопштението од Хезболах, нападот е одговор на убиството на вториот човек на Хамас Салех ал-Арури во Бејрут. Хамас, Хезболах и либанската влада за убиството го обвинија Израел, од но оваа земја не ја презеде одговорноста за нападот.

Во меѓувреме, државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, се на одделни дипломатски мисии посветени на престанок на тримесечната војна на Газа, која има опасност да се прелее и во други земји во регионот.

Борел денеска најави дека Либан и ЕУ ќе работат заедно на деескалација и долгорочна стабилност, откако разговараше со либанскиот премиер Наџиб Микати за ситуацијата во Бејрут, влијанието на конфликтот во Газа врз регионот на Блискиот исток, но и врз Сирија.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Истанбул, каде што тој и министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан разговараа за повеќе теми, вклучително и актуелната ситуација во Појасот Газа.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...