Таравари и Мицкоски не се сретнале во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на 31 јануари

Партијата на Мицкоски негираше какви било средби и обвини дека министерот Артан Груби  ја креирал лажната вест за средбата, а во демантот приложија и фотографии од шопинг во Виена на кои се гледа Груби со брендирани кеси

-

ВМРО-ДПМНЕ демантираше дека Арбен Таравари и Христијан Мицкоски имале средба во партиското седиште. Телевизијата Клан испрати соопштение дека не е точна првично објавената информација од нивната телевизија, дека автомобилот на Таравари бил снимен во гаражата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Арбен Таравари на средба со Мицкоски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ!?

Во објавата се споделува текст објавен на 31 јануари 2024 година. Во текстот кој се повикува на Клан Македонија, се тврди дека во текот на вечерашните часови (значи на 31 јануари кога што е и објавен текстот) во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје била одржана средба меѓу првиот човек на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Клан Македонија има и фотографија од автомобилот на Таравари во гаражата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Не се познати деталите од средбата на двајцата лидери, која доаѓа во време кога веќе се прават партиски позиционирањa околу годинешните избори. Инаку, средбата Мицкоски-Таравари доаѓа по средбата на албанската опозиција заедно со лидерот на АA, со премиерот на Косово, Албин Курти и на денот на почетокот на работата на техничката Влада со премиер Талат Џафери, пишува во текстот.

Во него се споделува и фотографија од возило со таблички од Гостивар. Подоцна е утврдено дека автомобилот кој е на фотографијата, всушност е на претседател на партиски огранок на ВМРО-ДПМНЕ, а не на Таравари.

Ваква средба воопшто не се одржала. Клан Македонија испрати соопштение до медиумите наредниот ден во кое пишува:
Клан го повлекува вечерашното соопштение и ќе поведе постапка за одговорност кон новинарот кој што неавторизирано испратил мејл до други медиуми со непотврдена информација. Клан ТВ е во фаза на екипирање на нов состав на вработените и ќе истражиме дали овој инцидент е намерен од страна на актуелни или веќе отпуштени вработени за да се наштети на телевизијата. Се извинуваме на засегнатите страни и на медиумите и во целост ја повлекуваме испратената непотврдена информација, пишува во соопштението од телевизијата.

Партијата на Мицкоски негираше какви било средби и обвини дека министерот Артан Груби  ја креирал лажната вест за средбата, а во демантот приложија и фотографии од шопинг во Виена на кои се гледа Груби со брендирани кеси.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина оти Арбен Таравари и Христијан Мицкоски имале средба во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на 31 јануари годинава.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...