fbpx

На конгресот на Алијанса на Села, го разрешиле Таравари

Интересно е што денеска соопштенијата до медиумите од двата табора на Алијанса за Албанците дојдоа од два службени мејла. Крилото на Таравари испраќаше од [email protected], а крилотo на Села, коешто има контрола и врз познатата Фејсбук-страница на АА, испрати материјал од [email protected]

-

Борбата меѓу двата непријателски табора во Алијанса за Албанците продолжи денеска, кога се одржа и вториот конгрес за неколку дена на „Алијанса за Албанците“. Имено, во Опера и Балет во Скопје, денеска се собраа делегати свикани од поранешниот партиски лидер Зијадин Села. На конгресот е донесена одлука за смена на сегашниот партиски претседател Арбен Таравари и избор на Села за нов партиски лидер.

Пред само два дена се одржа вонреден конгрес на Алијанса за Албанците свикан од Таравари, на којшто беше укината функцијата претседател на Собранието на партијата, која до тогаш ја извршуваше поранешниот партиски лидер Села. На конгресот во петокот Таравари беше реизбран за претседател на партијата.

Претходно денеска, Таравари го повика лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, да се кандидира за претседател на државата и така лидерот на опозицијата и лидерот на владејачкиот партнер од албанскиот политички блок да си ги одмерат силите.

Таравари „му фрли ракавица“ на Ахмети за претседателската трка

Инаку, интересно е што денеска соопштенијата до медиумите од двата табора на Алијанса за Албанците дојдоа од два службени мејла. Крилото на Таравари испраќаше од [email protected], а крилотo на Села, коешто има контрола и врз познатата Фејсбук-страница на АА, испрати материјал од [email protected].

Расколот во Алијанса за Албанците изби откако Таравари соопшти оти партиското раководство донело одлука на следните парламентарни избори Алијанса за Албанците да настапи во коалиција со другите опозициски албански партии. Села реагираше дека за тоа не е консултирано партиското членство и порача дека Алијанса за Албанците на изборите треба да настапи сама.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...