fbpx

Руската војска спречена во обидот да напредува западно од Авдиивка

Украинската армија се бореше на линијата на фронтот околу Авиивка во последните месеци во една од најинтензивните битки во војната, која го остави градот речиси уништен и предизвика речиси целото население да го напушти

-

Русија соопшти дека презела целосна контрола врз источниот украински град Авдиивка, што е нејзин најголем напредок од заземањето на Бахмут минатата година, по повлекувањето на украинските војници, пишува Гардијан.

Руските трупи извршија повеќе напади западно од Авдиивка во обид за понатамошни придобивки на бојното поле, изјави вчера портпаролот на украинската армија Дмитро Лиховиј.

„Непријателот се обидува активно да ја развие својата офанзива, но значителни наши сили се стационирани таму“, изјави Лиховиј, известувајќи за 14 неуспешни руски напади врз селото Ласточкине, околу 2 километри западно од Авдиивка.

Украинските сили се повлекоа од градот во индустрискиот регион Донбас за да избегнат опкружување, изјави во саботата началникот на украинската армија Олександр Сирскиј, додавајќи дека дејствувал за да ги зачува животите и здравјето на војниците, да ја стабилизира ситуацијата и да ги премести војниците во поповолни одбранбени линии.

Украинската војска соопшти дека имало жртви во повлекувањето, но дека ситуацијата е стабилизирана.

Заземањето на Авдиивка ѝ дава на Русија целосна контрола врз областа околу Доњецк, голем украински град кој беше заземен од руските прокси сили во 2014 година. Заземањето се случува додека се наближува втората годишнина од целосната руска инвазија на Украина.

Украинската армија се бореше на линијата на фронтот околу Авиивка во последните месеци во една од најинтензивните битки во војната, која го остави градот речиси уништен и предизвика речиси целото население кое брои над 30.000 жители, да го напушти.

Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека градот може да падне во рацете на Русија поради недостигот на оружје што се влоши со повеќемесечното противење на републиканците во Конгресот на новиот американски пакет за финансирање на украинската војска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...