fbpx

Средба Митрески-Стефанчук по повод втората годишнина од руската агресија врз Украина

Стефанчук изразил надеж дека војната наскоро ќе заврши со праведен мир, со почитување на украинскиот суверенитет и територијален интегритет, а тоа е можно единствено доколку сите демократски земји се обединат во поддршката на земјата

-

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, при посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, се сретна со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

Митрески изразил благодарност за поканата и нагласил дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Македонија за Украина, на сите полиња.

„Тој нагласил дека уште од самиот почеток Македонија силно ја осудува руската агресија против Украина и дека континуирано се потврдува поддршката за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост“, наведено е во собраниското соопштение.

Митрески истакнал дека Северна Македонија целосно се приклучила на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација и дека ко-спонзорирала бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина.

На средбата тој се осврнал на бројните активности на Собранието за поддршка на Украина, односно на усвојувањето на „Декларацијата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“

„Се надевам дека во наредниот период ќе зборуваме за светлата иднина и можностите за унапредување на соработката меѓу нашите земји во полето на економијата, културната размена и туризмот, рекол Митрески.

Претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук, се заблагодарил за доследната поддршка на Македонија за Украина и за сите украински иницијативи, за нашето приклучување кон санкциите на Европската унија против Русија, како и за поддршката на „Формулата за мир“ предложена од претседателот на Украина. Тој нагласил дека народите на Украина и Македонија се многу блиски, имаат слична историја и споделуваат заеднички цели за членство во ЕУ и НАТО.

Стефанчук изразил надеж дека војната наскоро ќе заврши со праведен мир, со почитување на украинскиот суверенитет и територијален интегритет, а тоа е можно единствено доколку сите демократски земји се обединат во поддршката на земјата. -Историјата на нашите земји се пишува сега и тука, оценил Стефанчук.

Претседателите на парламентите се осврнале на евроинтегративните процеси, при што изразиле уверување дека Македонија и Украина треба што поскоро да станат членки на Европската унија, а задачата на парламентите е да ги спроведат сите неопходни законски измени на овој план.

-Митрески и Стефанчук се согласија дека македонскиот и украинскиот парламент имаат активен политички дијалог и успешна соработка на ниво на претседатели и меѓупарламентарни групи за пријателство, нагласувајќи дека е важно во иднина да се зачува и зајакне овој тренд, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...