fbpx

Две години војна во Украина: Министрите за надворешни работи се обратија на Советот за безбедност на ОН

Во овие тешки времиња, Северна Македонија ќе продолжи да стои покрај Украина и нејзиниот народ, со надеж дека разумот ќе надвладее и дека животот наскоро ќе се врати во нормала, рече министерот за надворешни работи Османи

-

По повод одбележувањето на две годишнината од руската инвазија врз Украина, Советот за безбедност на Обединетите нации одржа брифинг за Украина, каде се обратија голем број Министри за надворешни работи и други високи функционери.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк се обрати на брифингот.

„Две години од инвазијата на Руската Федерација на Украина – очигледно кршење на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право”, истакна Османи во неговото обраќање.

Тој ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина. Османи додаде дека ова е единствениот начин да се врати мирот и да се создадат услови за понатамошен дипломатски ангажман за праведно и одржливо решение, во согласност со меѓународното право и целосното почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

„Руската агресија против Украина ја прекршува Повелбата на ОН, која го поддржува нашиот мирен соживот и глобалната безбедност”, рече Османи додавајќи дека во текот на овие две години, народот на Украина покажа издржливост и извонредна храброст во борбата за својата слобода и независност.

Османи потенцираше дека правдата и одговорноста мора да надвладеат и дека одговорноста не е цел сама по себе односно дека тоа е неопходна алатка за обезбедување на мирот, стабилноста и безбедноста и најефективниот инструмент за да се избегне ова да се повтори, на друга суверена држава, на друга нација.

„Во овие тешки времиња, Северна Македонија ќе продолжи да стои покрај Украина и нејзиниот народ, со надеж дека разумот ќе надвладее и дека животот наскоро ќе се врати во нормала”, рече Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...