fbpx

ДИК секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за кандидатите за претседател

Билјана Ванковска до вчера има собрано 1105 потписи, Бујар Османи 3261, а Максим Димитриевски 1594

-

Од утре, 25 февруари 2024 година, Државната изборна комисија на својата веб страна, секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија.

„Државната изборна комисија еднаш дневно прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно се ажурира“, информира ДИК.

Моментално, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, единаесет подносители на иницијативи за кандидирање за Претседател на државата собираат потписи за кандидати. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сè уште немаат поднесено иницијативи, бидејќи се чекаат конгресите на партиите но извесно е дека во претседателската трка ќе влезат Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски. Тие можат, но и не мора да собираат потписи ако 30 пратеници застанат зад нивната кандидатура.

Кандидатите треба да соберат 10.000 потписи до 8 март од граѓаните со право на глас. Заклучно со вчера, бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат е следен:

1. Вело Марковски – 98
2. Билјана Ванковска Цветковска – 1105
3. Томе Николоски – 0
4. Бујар Османи – 3261
5. Господин Поповски – 0
6. Максим Димитриевски – 1594
7. Стевчо Јакимовски – 658
8. Ѓорѓи Манасков – 21
9. Арбен Таравари – 1
10. Мерсиха Смаиловиќ – 0
11. Зорица Цветковска – 0

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...