fbpx

Телото на Навални е предадено на неговата мајка

На мајката на Навални, Људмила, наводно ѝ било кажано да се согласи на „таен“ погреб. Доколку таа одбие, тој би бил погребан во затворската колонија каде што починал, пишува Би-би-си

-

Телото на водечкиот руски опозиционер Алексеј Навални е вратено на неговата мајка, соопшти неговата портпаролка, a пренесоа светските медиуми.

Во објава на социјалната мрежа Х, Кира Јармиш им се заблагодари на сите што побараа од властите да ги предадат неговите останки.

„Погребот допрво треба да се одржи“, напиша таа.

На мајката на Навални, Људмила, наводно ѝ било кажано да се согласи на „таен“ погреб. Доколку таа одбие, тој би бил погребан во затворската колонија каде што починал, пишува Би-би-си.

Људмила ја помина последната недела во градот блиску до затворот каде што почина Навални, обидувајќи се прво да ја потврди локацијата на неговото тело, а потоа да бара да ѝ биде вратено.

По потпишувањето на потврдата за смрт во која се вели дека тој починал од природна смрт, добила три часа да се согласи на „таен“ погреб за нејзиниот син.

Меѓутоа, Људмила очигледно одбила да преговара со властите, пренесуваат светските медиуми.

Портпаролката Јармиш изјави дека плановите за погреб сè уште не се јасни.

„Не знаеме дали властите ќе се мешаат во тоа да се спроведе на начинот на кој семејството сака и како што заслужува Алексеј“, рече таа.

Претходно, утринава, вдовицата на Навални, Јулија Навалнаја, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека телото на нејзиниот покоен сопруг го држи како „заложник“ и побара негово ослободување без услови.

„Дајте ни го телото на мојот сопруг. Ти го мачеше жив, а сега продолжуваш да го мачиш мртов“, бара таа во видео обраќање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...