fbpx

На просечната плата и недостигаат уште 100 евра да порасне до 500 евра

-

Премиерот Зоран Заев 2019 година ја прогласи за „економска година“, укажувајќи дека просечната плата од 500 евра е граница која е остварлива, но во јавноста се отвари дилемата дали постои реална можност за достигнување на тој износ.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2019 година изнесува 24.785 денари или околу 403 евра, што е зголемување за 0,3 отсто во однос на истиот месец минатата година.

Пресметката покажува дека Владата односно премиерот Заев треба да најде начин за зголемување на просечната плата за речиси 100 евра до крајот на годината, што е „голем залак“ ако се земе предвид досегашното движење на платите.

Просечната плата во првите три месеци од минатата година изнесувала 23.624 денари, а на крајот од минатата година 25.048 денари, што е годишно зголемување од 1.424 денари или околу 23 евра.

Извор: Државен завод за статистика

Заев при образложување на реконструкцијата на Владата во Собранието во однос на зголемувањето на платите, меѓу редови, најави мерки како замрзнување на придонесите во државата за сите работници и супституција од 90 отсто за секое покачување на платите во делот на придонесите.

– Голем дел од граѓаните земаат 20.000 денари нето плата, уште 6.000 или 9.000 денари добиваат во кеш, зошто го прават тоа газдите? За да не платат придонеси. И тие си плаќаат персонален данок, си плаќаат данок на добивка и даваат кеш во плата на работниците. Во таков случај, ќе преземам чекор, ќе ги супституирам придонесите, 90 проценти, само во еден случај, да биде стабилизиран Пензискиот фонд. Да ги покачиме пензиите 1.000 денари на пример, таков чекор треба да се направи – рече Заев.

Тој најави и зголемување на платите во здравството и администрцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...