Нелегален сточен пазар никна на тротоарите на влезот во Тетово

-

Продолжува узурпацијата на јавните површини во Тетово од уличните продавачи. На тротоарот на влезот во Тетово никнува нелегален пазар на кој се продаваат животни. Она што започна минатиот четврток со само двајца или тројца продавачи, оваа недела се претвори во вистински сточен пазар. Сепак, по сè изгледа, ова не ги вознемирува воопшто претставниците на комуналниот инспекторат, кои се недостапни за редакцијата на „Порталб, пишува порталот.

– Не ни останаа повеќе слободни тротоари каде можеме да поминеме. Еве погледајте, поминуваме меѓу кокошки и петли – револтирано коментира еден минувач.

Уличните продавачи се жалат дека нема соодветни места каде што може да продаваат, бидејќи и кога им се обезбедува простор на Зелениот пазар или на друго место, нема услови и е многу нечисто.

Редакцијата на „Порталб“ идентификувала и други узурпирани јавни површини во Тетово како: тротоарите околу Зелениот пазар, тротоарите на влезот од Тетово и центарот на Тетово којшто е узурпиран од возила за деца.

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа свеќи и...

Студентите во Белград оддадоа почит на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани

Група студенти и граѓани на Белград денес се собраа пред зградата на амбасадата на Македонија, за да им оддадат почит на настраданите во дискотеката во Кочани. Собраните положија цвеќе, запалија свеќи...

НУНС: Недопустливо е бесрамното искористување на жртвите од трагедијата за лична промоција

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ вчера во придружба на поголем број новинари, сниматели и фоторепортери ги посети државјаните на Македонија кои се повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, а...

Погребот на жртвите во Кочани ќе биде в четврток

Лицата кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе бидат погребани во четврток, информираше денеска директорот на Центарот за упрвување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој кажа дека на...

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа...