Уште само денеска јавноста може да даде предлози, сугестии или забелешки на нацрт-законот за попис на населението, кој во моментов е објавен на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР) пишува „Порталб.мк“.

Иако имаше бројни реакции на овој нацрт-закон, сепак, иако поминаа 18 дена од почетокот на јавната дебата, никој нема поднесено забелешки до ЕНЕР, односно сè уште нема ниту еден коментар.

– Досега нема коментар. Ако има, секако ќе ги разгледаме и ќе се произнесеме – велат од ДЗС.

Од Министерството за правда изјавуваат дека тие го вршат само техничкиот дел и по завршувањето на јавната дебата, доколку има коментари, тие ќе бидат испратени до Државниот завод да ги разгледаат, а доколку нема, тогаш ќе го достават нацрт-законот на понатамошна постапка во Владата.

Официјално, нацрт-законот подготвен од страна на Државниот завод за статистика (ДЗС), но бидејќи оваа институција нема право да предлага закони, во овој случај предлагач е Министерството за правда, односно овој ресор има техничка улога.

Владата потоа треба да го одобри, па да го достави до Собранието, каде пратениците ќе може да поднесат амандмани за да го корегираат овој нацрт-закон.