fbpx

„Вистиномер.мк“: Аргументите на Мицкоски за „погрешниот“ попис се спин

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Телма од 10 јуни оваа гоидна изрече став, кој „Вистиномер.мк“ го оцени како извртена вистина, т.е. спин:

– Денеска според оваа методологија која што е избрана и која што се обидуваме да ја протуркаме на брза трака во рамките на Собранието, се попишуваат сите оние кои имаат матичен број во Република Македонија, но не значи и дека се државјани на Република Македонија и не значи дека тие луѓе се сè уште живи… Потоа имаме граѓани на Република Македонија кои што се откажале од државјанството во РМ за да стекнат право на друго државјанство, како што се пример, во Словенија, Германија, итн. Видете, принципот е јасен, се знае каква е директивата од страна на Еуростат и како се врши попис на домаќинства и граѓани во РМ и не треба ние да сме многу аналитични и ние да измислуваме попис, туку треба да го практицираме она кое што денес го практикуваат современите европски држави… Брошурата е некаде околу 4 страници, плус анексите, има таму како треба да изгледа едно пописно ливче, слободно може да се седне, да се адаптиира тоа на наши услови….

Спинот на лидерот на главната опозициска партија, Христијан Мицкоски, беше искажан уште на почетокот на емисијата, која започна со одговор на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го бојкотира пописот, за кој што во Собранието требаше да отпочне законска процедура што ќе овозможи негово сппроведување во 2020 година.

Мицкоски, покрај изјавата дека ВМРО-ДПМНЕ не е против пописот и е за спроведување на ваква статистичка операција, продолжи со ставот дека според усвоената методологија, ќе се попишувал секој што имал матичен број и дека тоа било заради трговијата што ја правeл Зоран Заев за да се оддолжел за местото на кое што бил веќе трета година и дека сето тоа ќе дало погрешни резултати. Како примери тој наведе починати лица што по негово тврдење ги има во избирачкиот список и можноста да биле попишани лица што се бореле на фронтовите во Сирија или оние кои се откажале од македонското државјанство за да добијат некое друго.

Целиот текст можете да го прочитате на следниов линк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...