fbpx
Таг: попис

таг: попис

На првиот ден од конкурсот за реонски попишувачи и инструктори, се пријавиле 640 кандидати

Со засилено темпо течат подготовките за спроведување на теренскиот попис на населението што треба да се реализира од 5 до 30 септември годинава. Во тек е пријавувањето на кандидатите за реонски попишувачи и за инструктори. Само во текот на првиот ден на јавниот повик, вчера, се пријавиле 640 кандидати. Во сите 50 пописни реони има пријавено кандидати и за...

Селами: Се чудам зошто Македонците ги повикуваат Македонците да не се попишат

Што е лошо во тоа да повикувате граѓани да го почитуваат законот? Јас не се чудам зошто Албанците повикуваат да се попишуваат Албанците, туку се чудам зошто Македонците повикуваат да не се попишуваат Македонците? Што е целта, што е намерата, да не се попишуваат, да направиме деформирани бројки?, вели заменик директорот на Државниот завод за статистика Иљми Селами во...

Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Бројот на попишани расте секој ден. Оваа прва седмица од најголемата статистичка операција се попишани 32.752 лица од дијаспората, соопшти Државниот завод за статистика, нагласувајќи декасекојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници, коишто можат можат да се самопопишат до 21 април. Истовремено, проблемот со добивање потврда дека самопопишувањето е успешно завршено е надминат, соопшти оваа...

Објавен конкурсот за попишувачи и инструктори

Државниот завод за статистика (ДЗС) го објави Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот 1-21 април ќе го спроведуваат попишувањето на терен, во рамките на Пописот 2021. На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Северна Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини. Пријавувањето се...

Вистиномер: Не е вистина дека Македонците во странство ќе останат непопишани поради неважечки пасош

Законот за попис не бара поседување на важечки пасош како услов за попишување на претстојниот попис закажан во април оваа година. Исто така, од Кабинетот на портпаролот на Владата потврдуваат дека за попишување нема да биде потребен пасош, туку само единствен матичен број на граѓанинот, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа која ја пренесуваме во целост. Рецензирана е вест споделена...

Статистика организира средба на градоначалниците за пописот – во Собранието повикан државниот врв

Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека утре со почеток од 12 часот, во Собранието на Република Северна Македонија, организира работна средба на која се поканети сите градоначалници на општините во нашата држава. Средбата се организира со цел информирање и координација со локалната самоуправа со цел непречено организирање на пописот, а на неа ќе присуствуваат и претседателот Стево Пендаровски, премиерот...

МТСП обезбедува документи за идентификација на бездомните лица за претстојниот попис

За лицата без лични документи и за бездомните лица Министерството за труд и социјална политика реализира постапки за обезбедување документи за нивна идентификација, преку системот на Центрите за социјални работи, со што ќе можат да се обезбедат податоци за нивно лоцирање и за евидентирање за потребите на претстојната пописна акција. Тоа го посочи министерката за труд и социјална политика...

Пендаровски го потпиша Указот за Законот за попис, очекува процесот да не се политизира

Претседателот Стево Пендаровски, по извршените консултации со правни експерти, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година. Како што соопштија од претседателскиот кабинет: „Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што...

Собранието со 62 гласа „за“ го донесе Законот за попис

Со 62 гласа „за“ и без „воздржани“ и „против“, пратениците од Собранието денеска го донесоа Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година. За усвојување на законот гласаа пратениците од СДСМ и останатите партии од владејачката коалиција, ДУИ и опозициската коалиција Алијанса на Албанците-Алтернатива, додека опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во гласањето. Од...

Контраспин: Ако нема консензус, не значи дека СДСМ и ДУИ ќе го фалсификуваат пописот

Консензусот за законот за статистичка операција како попис е добра работа. Но, немањето консензус не значи дека предложениот закон не ги гарантира потребните елементи тој попис да се спроведе според бараните стандарди, ниту, пак, дека станува збор за однапред договорен фалсификат меѓу владејачките партии, пишува Вистиномер во последниот контраспин кој го пренесуваме во целост: Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во врска со...

Анализа на Порталб: „Попис“ – статистичка операција под политички притисок!

Последен пат попис на населението, на домаќинствата и на становите во земјава е направен во далечната 2002 година. Тогаш во земјава биле регистрирани 2.022.547 граѓани и 564.296 домаќинства. На официјалната страна на Државниот завод за статистика, заклучно со крајот на 2019 година се наведува дека во Македонија живеат 2.076.255 граѓани, што е за речиси 54.000 повеќе во однос на...

Центарот за демократска транзиција предлага при пописот во Црна Гора да не се прибираат податоци за нација, религија и јазик

Центарот за демократска транзиција ја започна иницијативата во црногорскиот попис да се отфрли старата пракса на прибирање податоци за етничка (национална) и религиска (не)припадност, како и јазикот на кој граѓанинот зборува. Целта на овој предлог е да се прекине досегашната праска и застарениот начин на којшто се сфаќа суштината на пописот. „Претходниот начин на спроведување на попис не е нелегитимен,...

ВМРО-ДПМНЕ бара консултации за пописот, во спротивно нема да го поддржат неговото одржување

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека власта ја нема консултирано опозицијата за спроведување на пописот, предупредувајќи дека нема да го поддржат одржувањето на најавениот попис во април 2021 година. Од ВМРО-ДПМНЕ бараат пописот да биде статистичка, а не политичка операција, и да се спроведе со почитување на европските критериуми за попис пропишани од ЕУРОСТАТ, која е институција за вакви...

Маричиќ: До Нова година да се донесе законот, за во април догодина да се спроведе попис

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска најави дека до крајот на годинава ќе се донесе Законот за попис за да се создадат услови за одржување на попис во земјава во текот на април 2021 година. Маричиќ тврди дека има мали измени во предложениот закон, во однос на минатогодишната верзија, со која опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваше. - Постои цврста определба...

Османи го „врати во игра“ пописот, очекува да се спроведе по завршување на изборите

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција го врати пописот „во игра“ од страна на политичките партии, но по завршување на изборите. - Добро е да биде постигнат целосен консензус за Законот за попис и да се пристапи кон негова подготовка веднаш по изборите - рече Османи. Вицепремиерот Османи потсети на причините поради кои пропаднал пописот во 2012 година. -...

Неосновано „погрчување“ на Григор Прличев и Коста Абраш(евиќ)

Грчкиот лајфстајл портал Greek City Times на англиски јазик вчера објави текст под наслов „Знаете ли кои се најголемите 100 грци од Скопје“, кој е превод на оригиналот на грчки објавен на сајтот „Infognomon Politics“, во кој на списокот на Грци се ставени и Григор Прличев и Коста Абрашевиќ. Ваквите тврдења не соодветствуваат на вистината, но тоа не е единствената...

„Пописот како новинарска тема“, прирачник за новинари за одговорно пишување за пописот

Денеска беше промовира прирачникот за новинари „Пописот како новинарска тема“ Целта на овој прирачник е да помогне во едуцирано, општествено-одговорно пишување за пописот и неговата улога во унапредување на квалитетот на живот на граѓаните. „Целта е да направиме „врева“ во јавното мнение преку новинарите за значењето на оваа акција и оваа статистичка акција да не ја претвораме во политичко случување,...

Остварувањето на правата на припадниците на заедниците е на половина пат од пропишаното со закон

Остварувањето и заштитата на правата на припадниците на заедниците кои се под 20 проценти од населението, е на половина од она што е пропишано со закон и е нивно уставно право. Ова денеска го истакна заменик-директорот на Агенција за остварување на правата на заедниците (АОПЗ), Џелал Хоџиќ на прашањето на „Мета“, каква е фактичката состојба во остварувањето на нивните права. „Според...

Жбогар: Нема пречки за донесување на Законот за попис во Собранието

Независен и непристрасен статистички систем, без влијание од политика е значаен за секое општество, порача денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар на одбележување на Денот на европската статистика во Народната банка. Според него Пописот на населението ќе содржи податоци кои ќе помогнат во креирањето на добри политики во образованието, здравството, управувањето со отпад. „Пописот е одложен поради предвремените парламентарни избори и тоа е...

Предвремените избори во април ќе го пролонгираат пописот

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски рече дека одлуката за одржување на предвремени парламентарни избори на 12 април го доведува во прашање терминот за одржување на Пописот на населението, домаќинствата и становите. – Терминот април е непогоден за спроведување на пописот имајќи предвид што веќе се закажани изборите и истиот ќе треба да се пролонгира. Можноста да се...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...