fbpx

Во земјава има 6.037 доктори на науки и 18.897 неписмени лица

-

Во С. Македонија, 6.037 лица (0,4 отсто) се со докторат, 23.192 лица (1,5 отсто) немаат никакво образование, а пак, 62.129 лица (4,1 отсто) се со незавршено основно образование. Ова го покажува евиденцијата на Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во државата.

„Според писменоста, регистрирани се 18.897 лица или 1,2 отсто неписмени лица, од кои 5.517 се мажи и 13.380 се жени. Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се 23.192 лица или 1,5 отсто без образование, 62.129 лица или 4,1 отсто се со незавршено основно образование, 423.456 лица или 27,8 отсто се со основно образование, 672.375 лица или 44,1 отсто се со средно образование, 263.349 лица или 17,3 отсто се со високо образование, 29.654 лица или 1,9 отсто се со магистратура, 6.037 лица или 0,4 отсто се со докторат, а 45.174 лица или 3 отсто се со непозната школска подготовка“, соопштуваат во Заводот.

Според податоците, 189.736 лица се во од областа инженерство, производство и градежништво, а само 19.044 лица се во од областа информатичко-комуникациски технологии. Во вкупното резидентното население на возраст од 5 години и повеќе, кои се во процесот на формалното образование – 186.570 лица посетуваат основното образование, 80.378 лица се во средното образование, а 93.804 лица се во високото образование, на магистратура и на докторски студии.

Вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе изнесува 1.525. 366 лица, од кои 717.769 лица се дел од активното население, односно 608.520 лица се вработени, а 109.249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768.549 лица. Според највисокиот степен на школска подготовка, најмногу невработени, 56.701 лице се со средно образование од кои 34.313 се мажи и 22.388 се жени се со средно образование. Според дејноста, најмногу вработени, 123.347 лица, има во преработувачката индустрија од кои 65.751 се мажи и 57.596 се жени.

Во вкупното резидентно население бројот на лицата со попреченост изнесува 94.412 лица и тоа, 1,8 отсто на возраст од 0 до 14 години, 43,5 отсто на возраст од 15 до 64 години и 54,8 отсто на возраст од 65 години и повеќе. Според видот на попреченоста, најголемо учество од 40,8 отсто или 38.499 имаат лицата со потешкотии со движењето.

Од вкупно 839.174 станови, 531.987 станови или 63,4 отсто се населени, а 307,187 станови или 36,6 отсто се ненаселени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...