попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
Попис во прифатен центар Визбегово Фото: МТСП

Вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Денеска е 21. ден од Попис 2021 и до крајот остануваат уште пет дена пописни активности.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември, ќе трае до 30 септември.

ДЗС ја отвори можноста оние граѓани што не биле попишани од попишувачите што ги посетуваат домовите, да отидат во седиштата на Комисиите на пописните реони и таму да бидат попишани. Адресите или контакт телефоните може да се видат тука.