fbpx

Османи: Холандскиот амбасадор бил кај Ахмети оти ДУИ најмногу зборува за борба против корупција

Веројатно ДУИ е еден од оние кои што најмногу зборува за борбата против корупција, па се разбира дека ќе се бара поддршка од ДУИ, изјави Бујар Османи, по вчерашната средба меѓу холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп и лидерот на ДУИ Али Ахмети и му пренесе порака дека по двегодишен постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена

-

Откако вчера холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети за му да ја пренесе пораката дека по двегодишен постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена во политичкиот спектар и дека неприфатливо е несоодветното политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, се огласи министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој денеска по брифингот со новинарите рече дека всушност холандскиот амбасадор отишол во посета на ДУИ бидејќи партијата најмногу зборува за борбата против корупцијата, па затоа барал поддршка.

„Ова е продолжување на ставот на холандскиот амбасадор кој го кажа во неколку наврати, на многу интервјуа кон крајот на минатата година. Веројатно ДУИ е еден од оние кои што најмногу зборува за борбата против корупција, па се разбира дека ќе се бара поддршка од ДУИ. Во моите разговори со холандскиот амбасадор имаме две суштински, концептуални разлики. Тој смета дека ние можеме да постигнеме европски стандард на владеење на право и без преговори со Европската Унија. Јас сметам дека ние не можеме да постигнеме европски стандард на владеење на право, без процес на преговори, тие два процеси се поврзани“, рече Османи.

Оттаму, тоа што било директна критика на мешањето на политиката во судството Османи го протолкува како „судир на концепти“ со амбасадорот на средбата што генерално ја оцени како „срдечна“.

За изјавата на Јан Коп се огласи и премиерот Димитар Ковачевски.

„Во ред е ставот на амбасадорот. Но, сметам дека ако има притисок, тој треба да се каже со име и презиме, рече Ковачевски.

За падот на владеењето на правото Ковачевски упати да се прашаат тие кои што се задолжени за владеењето на правото.

Холандската амбасада во земјава вчера на својот официјален профил на Фејсбук објави фотографија од Јан Коп со Ахмети, со дополнителна реакција во однос на „политичкото влијание врз позицијата на Врховниот суд“.

„Неприфатливо е несоодветното политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и случајот ќе предизвика силна реакција од Холандија“, напишаа од Амбасадата на Холандија.

Ова се однесуваше на случајот со претседателката на Врховниот суд Беса Адеми кој веќе подолг период ја бранува јавноста. Имено, Судскиот совет поднесе иницијатива за нејзино разрешување, поднесена од страна на членот на Судскиот совет, Миљазим Мустафа. Иницијативата дојде по нејзиното интервју за порталот СДК.мк во кое Адеми отворено говореше за политички притисоци врз институцијата на која таа е прв човек со цел оживување на „амнестијата“ на претседателот Ѓорѓе Иванов и политичките математики за спас на експремиерот во бегство, Никола Груевски. Таа посочи и дека судот со којшто раководи се соочува со политички притисоци и закани од разрешување на врховни судии, а во јавноста се ширеа тврдењата дека притисоците доаѓаат токму од партијата на Ахмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...