ДКСК со корупциска афера на крајот на годината – злоупотреби со набавката на мазут за пораст на цената на струјата

Комисијата, по речиси едногодишна работа на случајот со АД ЕСМ Скопје, изразува сомнежи за несовесно работење, искористување и злоупотреба на службената положба и овластувања од страна на службени лица од Министерството за економија, поранешен директор на ЕСМ и членови на комисија за спроведување набавка на мазут за потребите на ЕСМ / АД ТЕЦ Неготино

-

Антикорупциската комисија на денешната седница поднесе иницијатива до Обвинителството, Владата, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Регулаторната комисија за енергетика, финансиската полиција и до УЈП поради сериозни сомнежи за монополско и непријателско здружување на пазарот на мазут во земјава, со цел предизвикување пораст на неговата цена и пораст на цената на електричната енергија на штета на домашното стопанство, граѓаните и јавниот интерес на државата.

Комисијата, по речиси едногодишна работа на случајот поврзан со АД ЕСМ Скопје, утврдило состојби од кои произлегуваат сомнежи за несовесно работење, искористување и злоупотреба на службената положба и овластувања од страна на службени лица од Министерството за економија, поранешен директор на ЕСМ и членови на комисија за спроведување набавка на мазут за потребите на ЕСМ / АД ТЕЦ Неготино.

Имено, АД ЕСМ Скопје за потребите на АД ТЕЦ Неготино, со цел рестартирање на овој субјект за производство на електрична енергија, требало да набави мазут за 212 милиони евра. Набавката требало да ја изврши фирмата „РКМ ДОО Скопје“, а требало да бидат набавени околу 195 илјади тони мазут.

Во текот на разговорите со надлежните лица, а и увидот во документите, било утврдено дека во тендерската документација на АД ЕСМ Скопје не било барано економските оператори да го докажат техничкиот капацитет за испорака на мазутот, a пробиени биле и финансиските планови за јавни набавки на ЕСМ.

На првиот договор за набавка на мазут со РКМ, според антикорупционерите, склучен бил анекс без да се утврди потребната количина и без да се утврдат ценовните и техничките услови на испорака, со што се овозможило за истата количина да се испорача мазут по повисока цена.

На вториот договор за набавка на мазут со РКМ, пак, кој иако бил истечен и без правна сила, склучен бил анекс со цел да се исплатат дополнителни средства, без да се наведе испорака на дополнителна количина на мазут.

Според сметководствената документација на АД ТЕЦ Неготино испорачаниот мазут од двата договори бил со помала количина за околу 18.000 тони, а РКМ набавил мазут во помала количина од онаа што била наведена како испорачана.

Понатаму, оваа фирма прикажала помалку приход во билансите во споредба со договорите за испорака на мазут.

„Македонија нема акцизен склад за увоз на мазут и затоа испораката е вршена преку камионски и авто цистерни. АД ТЕЦ Неготино не го следел исполнувањето на договорите за испорака на мазут од страна на РКМ затоа што не е потписник на овие договори. Во договорите за испорака на мазут предвидени се минимални казнени пенали за непочитување на договорите за испорака на мазутот“, велат од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Според ова, утврдени биле состојби кои укажуваат на сомнежи за трговија по пат на инсајдерски информации на енергетскиот пазар, за даночно затајување и ерозија на т.н. солидарен данок на добивка од страна на РКМ ДОО Скопје.

Сомнежите укажуваат и на монополско и непријателско здружување на пазарот на мазут во РСМ, со цел предизвикување пораст на неговата цена, а со тоа и растројство на пазарот на мазут во земјава и пораст на цената на електричната енергија.

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат функцијата со...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат...