fbpx

Меџити: Во 2024 ќе има ригорозни мерки за аерозагадувачите и за пушачите

Пушењето не е зависност, тоа е лоша навика и без пушење се може, рече Меџити

-

Во најмодерните земји во светот се повикува на превенција во врска со аерозагадувањето. Ќе видите во наредната година, дека многу динамично ќе постапиме со мерки заеднички со сите министерства. Ќе има навистина ригориозни мерки за загадувачите. Мораме да се стремиме да сме дел од зелената еколошка карта, да има место за Македонија во светот.

Ова денеска на брифинг со новинарите го истакна министерот за здравство Фатмир Меџити, кој зборуваше на многу теми поврзани со ресорот кој го води. Првото нешто што го вети Меџити кога пред 9 месеци стапи на функцијата, беше дека ќе го реши проблемот со хаосот со паркирање на Клиничкиот центар.

„Ќе има две катни гаражи на Клинички центар, едната кај хелиодромот, а другата кај старата Клиника за гинекологија. Сите процедури се во тек“, кажа тогаш Меџити без да прецизира кога би бил готов овој проект.

Фото: Мета.мк

Во врска со здравствените работници, меѓу кои има и такви кои и по 10 години работат со договор на дело, Меџити кажа дека в петок ќе се знае дали ќе им биде трансформиран работниот однос.

„За ова лавовски се боревме во Влада да помине, но до петок ќе ви кажам кој е епилогот. Завчера бевме на состанок во Министерството за финансии и со Фондот за здравствено осигурување, ги усогласивме бројките и ни треба уште еден состанок за дефинитивно да одлучиме како понатаму, но ве молам, стрпете се до петок за да можам да кажам дали ќе бидат дефинитивно вработени“, истакна Меџити.

Во врска со најавеното прошитрување на позитивната листа на лекови, тој кажа дека во многу скоро време се очекува истата да биде проширена.

Прашан во врска со видеото кое се појави синоќа на социјалните мрежи, за тоа дека наводно вработен на Клинички пуши цигара на работното место, министерот кажа дека вработенитот е идентификуван и дека се соочува со санкции.

„Доцна синоќа го видовме тоа видео. Ваквите лица кои за време на работното време не почитуваат закони и мерки, треба да се пријавуваат. Крајно време е сите да внимаваат, најстрого ќе биде санкционирано лицето за кое зборувате“, рече министерот.

Тој најави ригорозни мерки во 2024 година во врска со пушењето, без да прецизира за какви мерки станува збор.

„Како долгогодишен лекар, мојот став е дека мора да работиме на превентивата зашто после кога ќе се појават низа болести, тоа ја чини државата, а најмногу губат семејствата кога ќе изгубат некој близок кој заболел како резултат на пушењето. Кога се дијагностицираат болести веќе е доцна. Пушењето не е зависност, тоа е лоша навика и без пушење се може. Ако не се заштитат луѓето самите, треба да ги заштитуваат саканите, помалите деца во своите домови“, рече Меџити.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...