fbpx

Разрешени и актуелни судии, адвокати и вработени во државни институции влегуваат во трка за нови антикорупциoнери

Од утре па до сабота ќе трае административната проверка, односно интервјуата на 42 лица кои се пријавија на огласот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

-

Од утре, па до сабота ќе трае административната проверка, односно интервјуата на 42 лица кои се пријавија на огласот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. На списокот пријавени, како што анализираше Мета, се наоѓаат две разрешени судијки и две актуелни судијки, адвокати, вработени во јавни и државни институции, но и голем број луѓе кои не се познати во пошироката јавност. За разлика од јануари 2019 година, кога се бираше актуелниот состав на ДКСК, сега има помалку пријавени кандидати, односно пред речиси пет години, околу 80 луѓе претендираа да станат дел од новиот антикорупциски состав.

Интервјуата со кандидатите за новиот состав во ДКСК ќе се одржи во Собранието, а едно интервју ќе може да трае најмногу 30 минути. Од кандидатите, на конкурсот се бараше да бидат македонски државјани, да имаат завршено Правен факултет или образование од областа на политичките, комуниколошките или економските науки. Во однос на професионалните критериуми требаше да имаат најмалку десет години искуство од кои осум во областа борба против корупција, добро управување и владеење на право, ако се кандидираат за претседател и две години помалку ако сакаат да бидат членови. Антикорупционери не може да бидат ниту оние кои во последните десет години биле пратеници, членови на влада, донатори на политички партии или пак вршеле партиски функции.

На огласот не можат да се пријават и тие што досега биле членови или претседатели на комисијата, што значи дека комисијата ќе добие комплетно нов состав.

Кои се луѓето кои претендираат да бидат новите антикорупционери?

На конкурсот распишан од Собранието се пријавиле 57 кандидати од кои за 15 било констатирано дека немаат комплетна документација или несоодветно образование.

За нови антикорупционерка се има пријавено Софија Спасова Медарска, судијка од Основниот Граѓански суд Скопје и сопруга на адвокатот Филип Медарски. За ова место претендира и Славица Андреевска, судијка од Основниот Кривичен суд, која неодамна не беше избрана за судијка во Апелацискиот суд од страна на Судскиот совет, а набрзо треба да замине во пензија.

На листата има и две поранешни судијки. Маја Малахова беше кандидат и за претходниот состав на Антикорупциската комисија, во 2019 година. Таа беше  разрешена од судиското место во 2002 година а потоа стана претседателка на Државната комисија за жалби по јавни набавки. На конкурсот се пријавила и Татјана Михајлова, која во 2021 година беше разрешена од Судскиот совет за нестручно и несовесно работење.

Освен нив, за претседателско место во ДКСК се кандидирал Борис Кондарко, член на Државната изборна комисија и поранешен пратеник.

На конкурсот се пријавени и адвокатите Сузана Јошевска – Атанастасовска и Кимо Чавдар. На листата може да се најде и колумнистот Даут Даути, поранешен член на Комисијата за лустрација, понатаму Магдалена Чижбаноска Вангелов, има вработени во Државниот завод за ревизија, но и вработени во Антикорупциската комисија, како Билјана Каракашова Шулев.

Според законот од 2019 година, интервјуата на кандидатите за членови на ДКСК се емитуваат јавно на собранискиот канал, а нив ги прашуваат и претставници на здруженијата на новинари, на други здруженија и фондации, од Македонската академија на науки, Народниот правобранител и Интеруниверзитетската конференција.

Во последниот состав на ДКСК, претседател беше Билјана Ивановска, а членови Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемши Салаи.

Во последниот извештај на Европската комисија за Северна Македонија, но и во претходните извештаи, за работата на комисијата беа изразувани позитивни мислења, иако во последниве години, често предметите кои ги отвораше ДКСК стануваа предмет на „препукувања“ со правосудните и државни институции. Комисијата реагираше за притисоци врз работата, а обвинителството во еден момент ја замрзна соработката со институцијата. Мандатот на актуелниот состав е до 7 февруари 2024 година.

Обвинителството ја замрзна соработката со Антикорупциската комисија

Антикорупциската комисија го обвини Груби за оркестриран притисок

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...