fbpx

Украинската победничка на Евровизија, Џамала, додадена на списокот барани лица во Русија

40-годишната пејачка побегна од Украина со своето семејство по руската инвазија во февруари минатата година

-

Русија ја додаде украинската победничка на натпреварот за песна на Евровизија, Џамала, на листата барани лица, јавуваат руските државни медиуми, а пренесе Би-би-си.

Пејачката чие вистинско име е Сузана Џамаладинова, наводно е обвинета за ширење лажни информации за руските вооружени сили.

Кремљ често изнесува вакви обвиненија против оние кои споделуваат детали за руската инвазија на Украина што се косат со нејзината официјална линија.

Џамала отворено ја критикуваше руската агресија.

Таа била ставена на листата барани лица минатиот месец, според независната руска интернет-страница за човекови права „Медиазона“, но деталите биле објавени во понеделникот.

Руски канал на Телеграм тврди дека пејачката била на списокот поради објавување „фалсификати“  за злосторствата во украинскиот град Буча во 2022 година. Кремљ ја отфрли одговорноста за масакрот што се случи таму додека руските трупи го окупираа предградието на Кијив, и покрај тоа што постојат докази дека станува збор за дело на руските сили.

Џамала, која во моментов се наоѓа во Австралија, одговори на веста за нејзиното додавање на списокот барани лица со објавување на фотографија од себе пред Сиднејската опера и со додавање на линк до веста и емотикон со дланка.

40-годишната пејачка побегна од Украина со своето семејство по руската инвазија во февруари минатата година.

Џамала победи на Евровизија во 2016 година со песната насловена „1944“, која беше инспирирана од присилната депортација на нејзиниот народ – Кримските Татари – од Русија истата година.

Многумина видоа јасна порака во песната за илегалната руска анексија на Кримскиот Полуостров од Украина во 2014 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Словачките новинари стравуваат дека обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо може да доведе до уште поголема поларизација и задушување на независните гласови. Неколку високи политичари од владејачката коалиција...