fbpx

Обвинителството ја замрзна соработката со Антикорупциската комисија

Јавното обвинителство ја оцени како целосно беспредметна и непотребна иницијативата на ДКСК во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“. Од обвинителството излегоа со тврдење дека ги замрзнуваат сите активности предвидени и со меморандумот што го потпишаа пред три дена со Антикорупциска  

-

Јавното обвинителство ја оцени како целосно беспредметна и непотребна иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“. Од обвинителството излегоа со тврдење дека ги замрзнуваат сите активности предвидени и со меморандумот што го потпишаа пред три дена со Антикорупциската комисија.

Иако јавниот обвинител на Љубомир Јовески пред три дена, на сопствена иницијатива, оствари средба со членовите на ДКСК и притоа оцени дека по потпишувањето на двостраниот меморандум за соработка, значително е подобрена соработката со ДКСК денес Обвинитеството е со став дека постои еднострано целосно непочитување на потпишаниот Меморандум.

Антикорупциската комисија вчера соопшти за преземените активности во предметот „Труст“ и конфискацијата на имотот на Трансмет на бизнисменот Сеад Кочан, и поднесе иницијатива до обвинителството. Ова, за јавното обвинителство претставува навреда, бидејќи таму веќе бил оформен предмет за овој случај.

„Како што веќе е информирана целата јавност, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција има оформен предмет во кој се опфатени неколку кривични пријави и во чии рамки се испитува постапувањето на сите институции при конфискацијата на имотот на „Трансмет“. Во рамките на тој предмет обезбедена е целокупната документација, вербални и материјални докази и надлежниот јавен обвинител е пред донесување на јавнообвинителска одлука. Надлежниот јавен обвинител, согласно сите обезбедени докази и направени проверки, веќе согледа дека во јавнообвинителското постапување во предметот „Труст“ не е направен никаков пропуст. Со јавната седница на ДКСК веќе е нанесена непотребна штета и на Јавното обвинителство како институција и на јавните обвинители кои постапувале во предметот“, се вели во соопштението.

Од Јавното обвинителство велат дека ќе ја примат иницијативата како и секоја друга претставка, но дека е крајно нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети во кои обвинителството веќе постапува.

Оттаму посочуваат дека во рамките на тој предмет обезбедена е целокупната документација, вербални и материјални докази и надлежниот јавен обвинител е пред донесување на јавнообвинителска одлука.

Исто така, од Обвинителството тврдат дека од излагањето на седницата на Државната комисија за спречување на корупцијата, било очигледно дека Комисијата при анализа на предметот немала пред себе бројни докази ниту увид во комплетната фактичка состојба, која јавниот обвинител детално ќе ја образложи при носењето на одлуката и ќе ја поткрепи со соодветен доказен материјал.

Од обвинителството апелираат Комисијата „да се држи до своите законски надлежности и да не нанесува штета на постапките кои се во тек“.

Инаку, пред три дена, кога Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, оствари средба со членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во рамките на активностите за зајакнување на националниот фронт за борба против корупцијата, двете институции ги разгледаа можностите за дополнително унапредување на меѓусебната соработка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...