Познат новиот состав на Антикорупциска – доминираат ревизори и вработени во ДКСК

Татјана Димитровска од Државниот завод за ревизија, според добиените бодови, најверојатно ќе биде новиот претседател на Антикорупциската комисија

-

Цвета Ристовска, Татјана Димитровска, Софија Спасова Медарска, Сервет Демири, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев и Зоран Богоевски се членовите на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), дознава Мета.мк. Во текот на вчерашниот ден составот на комисијата вршеше бодување на пријавените 42 кандидати, и дури доцна вечерта, беше утврдено дека овие седум кандидати добиле највисоки оценки.

Татјана Димитровска, помошник на главниот државен ревизор – раководител на сектор за ревизија со овластување, според добиените бодови, ќе биде новиот претседател на Антикорупциската комисија.

Татјана Димитровска (втора од десно) / Фото: ДЗР

Според она што првично може да се заклучи, најголем дел од новиот состав на ДКСК ќе се состои од ревизори – тројца од седум члена доаѓаат од Државниот завод за ревизија. Станува збор за Зоран Богоевски, Цвета Ристовска (раководител на сектор за ревизија) и Татјана Димитровска.

Двајца од членовите се веќе вработени во Антикорупциската комисија – Билјана Каракашова Шулев (советник за следење на корупција во јавните набавки) и Бесник Џемаиљи (советник за антикорупциска проверка на легислативата поврзана со дејности од јавен интерес и одржлив развој).

Сервет Демири доаѓа од Агенцијата за инвестиции, а претходно работел во ревизорско тело за ИПА. Единствен правник во комисијата ќе биде судијката од Граѓанскиот Основен суд Скопје, Софија Спасова Медарска, сопруга на адвокатот Филип Медарски.

Членови на комисијата која денеска врши бодување на кандидатите беа Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ, Берат Ајдари од ДУИ, Фаница Николоска од СДСМ и Кастриот Реџепи од Демократско движење. Освен нив, во комисијата беа и Јован Андоновски заменик на Народниот правобранител, Никола Додов и Снежана Камиловска Трповска од Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор.

Изборот на комисијата сега ќе оди пред собраниската Комисија за избори и именувања, а потоа ќе следи гласање на пленарна седница на Собранието.

Она што остана забележливо при овој избор е дека биографиите на кандидатите за членови на Антикорупциската комисија беа скриени од јавноста. Во хард-копи биографиите ги добија само членовите на комисијата која одлучува за нивниот избор и на членовите кои ги вршеа интервјуата, поради наводни лични податоци, кои инаку лесно можеа да бидат пречкртани, а јавноста сепак да има увид кој сè претендира да се бори против корупцијата во наредните пет години.

Јавен избор со тајни биографии на новите кандидати за Антикорупциска

Мандатот на актуелниот состав на Антикорупциската комисија е до 7 февруари 2024 година, кога ќе почне со работа новиот состав.

Во последниот состав на ДКСК, претседател беше Билјана Ивановска, а членови Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемши Салаи.

Во последниот извештај на Европската комисија за Северна Македонија, но и во претходните извештаи, за работата на комисијата беа изразувани позитивни мислења, иако во последниве години, често предметите кои ги отвораше ДКСК стануваа предмет на „препукувања“ со правосудните и државни институции. Комисијата реагираше за притисоци врз работата, а обвинителството во еден момент ја замрзна соработката со институцијата.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...