Осуда од Платформата за борба против корупција за партизацијата при изборот на нови членови на ДКСК

Платформата на граѓански организации за борба против корупција цени дека партиските влијанија врз изборот на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, негативно ќе влијаат врз објективноста и непристрасноста на Комисијата во спроведување на сериозните законски надлежности коишто ги има

-

Платформата на граѓански организации за борба против корупција остро ги осудува, како што велат, партизацијата и изигрувањето на процесот на избор на нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Платформата изрази поддршка на Снежана Камиловска Трповска, која како член на Комисијата за селекција за избор на претседател и членови на новиот состав на ДКСК вчера објави изрази издвоено мислење од Комисијата за селекција, поради, како што рече, необјективно и оркестрирано гласање на останатите членови на Комисијата.

„Како претставник на граѓански сектор од областа на демократијата и владеењето на правото, Снежана Камиловска Трповска покажа целосно различна перцепција за избраните кандидати со што јасно се манифестира и ставот на граѓанските организации за идниот состав. Притоа, изненадува како останатите претставници на Комисијата за селекција изнајдоа компромис за селектираните кандидати и покрај слабите интервју, одбивање на кандидати да одговорат на директни прашања за општествени состојби како процесот на заробеност на државата, високо профилни случаи кои се веќе предмет на работа на сегашната ДКСК, а се дел и од констатирани состојби од Извештајот на Европската Комисија за 2023 год, прашања поврзани со политичка и правосудна поврзаност, тргување со влијание, лобирање“, велат од Платформата за борба против корупција.

Дополнително, велат оттаму, кандидати кои манифестирале одлични познавања од областа, спремност за директен и недвосмсилен одговор и со одлични компетенции не биле добро оценети од страна на другите членови со што им се оневозможило објективно да се борат за позицијата претседател и член на ДКСК.

„Платформата на граѓански организации за борба против корупција цени дека партиските влијанија врз изборот на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, негативно ќе влијаат врз објективноста и непристрасноста на Комисијата во спроведување на сериозните законски надлежности коишто ги има, како еден од главните чинители во борбата против корупција во земјата“, велат од Платформата.

Предлогот за нов состав на Антикорупциската комисија беше изгласан во вторникот на полноќ. Од пријавените 42 кандидати, беа избрани Цвета Ристовска, Татјана Димитровска, Софија Спасова Медарска, Сервет Демири, Бесник Џемаиљи, Билјана Каракашова Шулев и Зоран Богоевски.

Татјана Димитровска, помошник на главниот државен ревизор – раководител на сектор за ревизија со овластување, според добиените бодови, е предлогот за нов претседател на Антикорупциската комисија.

Овие предлози треба да поминат на собраниската Комисија за избори и именувања, а потоа да одат на пленарна седница во Собранието. Она што е различно од претходниот избор на членови на ДКСК, е тоа што речиси немаше член кој беше избран, а да не биде бодуван со над 90 бода. Овојпат, највисоко рангираната, Татјана Димитровска, има само 70 бодови од извршените интервјуа.

Членови на комисијата кои вршеа бодување на кандидатите беа Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ, Берат Ајдари од ДУИ, Фаница Николоска од СДСМ и Кастриот Реџепи од Демократско движење. Освен нив, во комисијата беа и Јован Андоновски заменик на Народниот правобранител, Никола Додов и Снежана Камиловска Трповска од Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор.

Познат новиот состав на Антикорупциска – доминираат ревизори и вработени во ДКСК

 

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Мариника Тепиќ објави фотографија на која наводно се гледа звучниот топ на српската полиција (Фото)

Потпретседателката на Партијата на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, објави фотографија од протестот на 15 март во Белград на која се гледа уред што личи на звучен топ LRAD 450XL...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За...