fbpx
Таг: Антикорупциска комисија

таг: Антикорупциска комисија

Контраспин: Наместо фронт за борба против корупцијата, фронт против ДКСК

Во еден ден негативни реакции против ДКСК дојдоа од четири места од ЈО (жестока), од МВР, од ДИК (жестока), од Државно правобранителство, а ден претходно и од градоначалничката на Скопје. Повод – наодите и заклучоците на ДКСК за три предмети – (не)извршување на заплена на имот во случајот Труст (милионски суми во евра), сомнежи за кражба на лични податоци...

Институциите им „раскинуваат“ на антикорупционерите по вчерашното отворање предмети за корупција

По вчерашната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на која беа иницирани повеќе постапки каде постојат сериозни сомнежи за криминални дејствија, со реакции се јавуваат и министри и институции, но и Јавното обвинителство - сите ги отфрлаат наодите и сомнежите на антикорупционерите и меѓу редови соопштуваат дека соработката ќе се сведе на минимум. По оценката на ДКСК...

Антикорупциска со кривична против Данела Арсовска дека незаконски назначила директори на МКЦ и ЗОО Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, спротивно на законот ги именувала в.д. директорите на Младинскиот културен центар (МКЦ) и на Зоолошката градина, заклучи на денешната седницат Антикорупциската комисија. Антикорупционерите донесоа одлука за поведување кривична постапка против градоначалничката Арсовска која неодамна ги именуваше овие в.д. директори. Според комисијата, Арсовска го прекршила законот со тоа што именувала лица кои не биле вработени...

Злоупотребенa фотографија: Претседателката на ДКСК е сликана со сопругот, а не со синот на Џафери

Од медиумски објави поврзани со приватниот дел од животот на Ивановска, очигледно е дека човекот со кој е сликана на фотографијата прикажана во постот е нејзиниот сопруг, а не синот на претседателот на Собранието. Исто така, од Антикорупциската комисија излегоа со демант на тврдењата објавени на социјалните мрежи пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   На социјалната...

Контраспин: Како Груби виде „угледни“ во ДУИ, а „некадарни“ во ДКСК?

Наспроти арогантниот настап на Груби, кој отворено се сомнева во капацитетите на Антикорупциската корупција и со доза на потсмев вели дека „не ги бивало“, токму  ДКСК е една од ретките институции за која има позитивно мислење во последниот Извештај на Европската комисија. Но, државните институции кои треба да овозможат да се постапи според наодите на ДКСК, се „јавнати“ од...

Антикорупциската комисија го обвини Груби за оркестриран притисок

Антикорупциската комисија има капацитет да се избори со вашите оркестирани напади, му порачаа од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на вицепремиерот Артан Груби, откако тој вчера во гостување на ТВ Сител изјави дека не верува во капацитетот на актуелниот состав на ДКСК. „Деновиве ја отфрлија пријавата против мене во ДКСК на поднесокот на ВМРО-ДПМНЕ. Огромно мнозинство од случаевите...

Судски совет: Не сме го криеле предметот за Рамиз Мерко

Судскиот совет ги оценува како неосновани и неаргументирани тврдењата на Државната комисија за спречување на корупција за наводно непостапување, па дури и прикривање во случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Инаку, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, на прес конференција рече дека против струшкиот градоначалник е отворен предмет уште во мај 2019, но немало никаква...

Со софтверот на ДКСК во експериментална фаза и без закон, имотот на функционерите останува непроверен

Софтверот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) со кој се проверува дали функционерите не пријавиле имот што го поседуваат, сè уште е во експериментална фаза и не се знае колку ќе трае периодот до неговото целосно ставање во функција. Дотогаш, државните функционери ќе можат да го избегнат пријавувањето на имотната состојба или пак да не го пријават...

Жестоки реакции по разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, се бара преиспитување на одлуката

Блупринт групата за реформи во правосудството ја изразува својата загриженост околу ескалирањето на состојбата при утврдувањето на дневниот ред на вчерашната седница на Судскиот совет, која заврши со разрешување на претседателката на Советот. Големи реакции околу експресното разрешување на Весна Дамева стигнуваат и од голем број поранешни судии, адвокати, експерти од правосудниот систем и од Антикорупциската комисија. Дамева беше разрешена вчера,...

Евроамбасадорот Гир не е задоволен од борбата против корупцијата во земјава

Евроамбасадорот Дејвид Гир изнесе серија критики во однос на исполнувањето на препораките за борба против корупцијата од ланскиот извештај на Европската комисија на денешниот работен состанок во Владата, на кој учествуваше и вицепремиерката за политики на добро владеење Славица Грковска. Двајцата ги оценија како „недоволни, бавни и разочарувачки“ спроведените мерки и препораки од Антикорупциската комисија - Националната стратегија за...

Институциите исполниле само 10 отсто од предвидените активности за борба против корупцијата

Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2021-2025) очигледно постои само на хартија. Иако самите институции задаваат свои рокови до кога треба да имплементираат одредени активности за да се спречи корупцијата и судирот на интереси, тие не ги реализираат. Според она што беше соопштено на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која е...

Тмурна 2022 година: граѓаните немаат доверба во судството, борбата против корупцијата неуспешна

Судството во Северна Македонија и во текот на 2022 година продолжи да биде мета на сериозни критики поради скандалозните одлуки, кои со право кај граѓаните создадоа една перцепција дека во оваа мала земја се казнуваат само оние немоќните. Борбата против корупцијата пропадна, и поради тоа меѓународната заедница и оваа година испрати критики до РСМ, а младите си заминуваат во...

Контраспин: Тврдењето за ДКСК како адвокат на Ковачевски и заштитник на криминалот се спин

Конкретната изјава на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, на која се повикуваат од партијата не значи дека ДКСК нема да постапува никогаш, туку дека нема основа за постапување врз основа на утврдување на судир на интереси. Освен ова, самата ДКСК со своето сегашно и досегашно непристрасно постапување и за високи сегашни или поранешни функционери од власта, без оглед дали...

Државниот завод за ревизија контра Антикорупциска: Сме извршиле многу ревизии со кои е опфатена Владата

Државниот завод за ревизија (ДЗР) реагираше на наводот од Антикорупциска комисија изнесен во дневникот на МРТ 1 вчера, дека Државниот завод за ревизија нема извршенo ревизија на Владата на РСМ. Од ДЗР наведуваат дека во изминатите 13 години се извршени низа ревизии што го опфаќаат работењето на Владата. Исто така согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2022 година, Владата...

Пет милиони евра се одлеале од институциите за склучување авторски договори во последниве 4 години

Генералниот секретаријат на Владата исплатил најмалку 2,4 милиони евра, од 2017 година, до крајот на 2021 година за авторски договори. Парите им се исплатувале на лица за да присуствуваат на владини седници и да креираат записници, да учествуваат на состаноци, да креираат содржини за веб-страницата или да даваат редовни консултации. Антикорупциската комисија смета дека е прекршен законот, односно за...

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ спинува за работата на ДКСК и за индексот на перцепција на корупцијата

Тврдењето дека Антикорупциска комисија работи по инструкции на СДСМ е тенденциозно и неосновно, а тоа се гледа по предметите коишто ги имаат отворено. Само изминатата година ДКСК, меѓу другото, отворила предмет за Драги Рашковски кој беше Генерален секретар на Владата, за поранешниот функционер на СДСМ, Рубинчо Заревски кој добил грант од Фондот за иновации, потоа за лицата кои учествувале...

Вистиномер: Технички неопремени, корупционерите рачно бројат кој функционер не поднел пријава за имотна состојба

Жилава или килава борба против корупцијата. Владата неколку години ветува набавка на софтвер во ДКСК, но, тој до денес не е набавен. Недостасува и вмрежувањето со базите на 23 институции од каде може да се користат податоци и документи. Покрај тоа, Комисијата функционира со половина од предвидените кадри, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Зголемени надлежности,...

Вистиномер: Партиите го бојкотираат носењето на законот за висока државна служба

Центарот за управување со промени заедно со Министерството за информатичко општество уште пред 3 години поднесоа Закон за висока државна служба. Со овој закон требаше на транспарентен начин да се избираат директори на јавни претпријатија и членови на одбори, комисии и други органи со што би се избегнала партизацијата и корупцијата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу може да...

Антикорупциска ја потсети власта што е забрането во предизборието

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска испрати соопштение со кое ги потсетува министерствата, фондовите, агенциите, јавните претпријатија и другите државни институции дека по распишувањето на локалните избори не смеат да започнуваат нови изградби со средства од буџетот на нови објекти во инфраструктурата, да вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати кои не се редовни, а...

Антикорупциската комисија отвори постапка против тројца пратеници и министер

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница донесе одлука за отворање на постапка против тројца опозициски пратеници и еден актуелен министер поради сомнение дека, откако биле назначени на функциите, управувањето со нивните фирми го префрлиле на свои сопружници и роднини, што е спротивно на Законот за корупција. Антикорупциската комисија ќе утврдува дали тие го прекршиле Законот за...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...