fbpx

Бајден: Нетанјаху повеќе го повредува отколку што му помага на Израел

Бајден изрази поддршка за правото на Израел да го гони Хамас, но за Нетанјаху рече дека „мора да посвети повеќе внимание на изгубените невини животи како последица на преземените активности“

-

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „повеќе го повредува Израел отколку што му помага“ во пристапот кон војната против Хамас во Газа.

Во вчерашно интервју за „MSNBC“, Бајден изрази поддршка за правото на Израел да го гони Хамас, но за Нетанјаху рече дека „мора да посвети повеќе внимание на изгубените невини животи како последица на преземените активности“, пренесува Гардијан.

Американскиот претседател кажа дека бројот на загинати во Газа е во спротивност на она за што се залага Израел.

Кажа и дека потенцијалната израелска инвазија на градот Рафа во Газа, каде што се засолнети повеќе од 1,3 милиони Палестинци е „црвена линија“ за него, но додаде дека нема да го прекине оружјето, меѓу кое се и ракетните пресретнувачи „Железна Купола“ што го штитат израелското население од ракетните напади во регионот.

Во меѓувреме, продолжуваат напорите да се обезбеди договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, соопшти израелската разузнавачка агенција Мосад. Шефот на агенцијата, Дејвид Барнеа, во петокот се состана со американскиот колега – директорот на ЦИА, Вилијам Брнс, за да лобира за ослободување на заложниците.

Бајден рече дека обезбедувањето на прекин на огнот во Газа пред муслиманскиот свет месец Рамазан се чини тешко.

Инаку, според Министерството за здравство на Газа, најмалку 31.045 Палестинци се убиени, а 72.654 се повредени во израелските напади од 7 октомври. Повеќето од жртвите се жени и деца.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...