fbpx

Кремљ не дава информации каде се наоѓа рускиот генерал Суровикин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарите денеска им рече дека не може да ја разјасни ситуацијата со Суровикин и рече дека треба за ова прашање да го контактираат руското Министерство за одбрана

-

Рускиот генерал Сергеј Суровикин, кој е заменик-командант на руските сили во Украина, од петокот вечер не е виден во јавноста, а официјален Кремљ денеска не можеше да даде информации каде се наоѓа тој, пренесува Си-ен-ен.

Суровикин во саботата се појави со видео, преку кое му се обрати на шефот на платеничката војска Вагнер, Евгениј Пригожин да го сопре бунтот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарите денеска им рече дека не може да ја разјасни ситуацијата со Суровикин и рече дека треба за ова прашање да го контактираат руското Министерство за одбрана.

Прашања за тоа што се случува со Суровикин се поставуваат откако рускиот медиум Moscow Times цитираше два анонимни извора од одбраната дека генералот Суровикин бил уапсен во врска со пропаднатиот бунт на Пригожин.

Нема информации и за тоа што се случува со Евгениј Пригожин, кој претходно неделава пристигна во Белорусија на покана на белорускиот претседател Александар Лукашенко, како дел од саботниот договор за запирање на бунтот во Русија.

Сè уште не е јасно каде е Пригожин во Белорусија, колку борци од Вагнер го придружуваат него или колку долго планира да остане таму.

Портпаролот на Кремљ, Песков денеска на новинарите им рече дека нема информации за локацијата на Евгениј Пригожин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...