fbpx

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин се сретнал со Путин

Пригожин постојано го обвинуваше руското министерство за одбрана дека не ја снабдува неговата група со муниција

-

Рускиот претседател Владимир Путин се сретнал со водачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин по неуспешниот бунт на групата минатиот месец, пренесе Би-би-си.

Пригожин бил меѓу 35-те команданти на Вагнер поканети на состанокот во Москва, информираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој рече дека Путин дал „оценка“ за воените напори во Украина и бунтот.

Бунтот, кој започна на 23 јуни, траеше само 24 часа. Според договорот за ставање крај на бунтот во кој трупите на Вагнер зазедоа град и маршираа кон Москва, обвиненијата против Пригожин беа отфрлени и му беше понудено да се пресели во Белорусија.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина имаше многу јавни конфликти меѓу Вагнер и руското Министерство за одбрана околу водењето на војната. Пригожин постојано го обвинуваше министерството дека не ја снабдува неговата група со муниција.

Но, во понеделникот, Песков рече дека шефот на Вагнер бил меѓу командантите кои биле поканети во Кремљ пет дена по распадот на бунтот.

„Тој, исто така, даде оценка за настаните на 24 јуни. Путин ги слушаше објаснувањата на командантите и предложи варијанти на нивното идно вработување и нивната идна употреба во борбите“, рече Песков, цитиран од руската новинска агенција Интерфакс.

Според портпаролот на Кремљ, Пригожин му рекол на Путин дека Вагнер безусловно го поддржува.

Сегашната локација на шефот на Вагнер е нејасна. Минатиот четврток лидерот на Белорусија, Александар Лукашенко – кој посредуваше во договорот со кој заврши бунтот – рече дека Пригожин е во Русија.

Би-би-си го следел приватниот авион на Пригожин додека летал за Белорусија кон крајот на јуни, а истата вечер се вратил во Русија.

Групата Вагнер е приватна армија која се бори заедно со редовната руска војска во Украина од минатогодишната инвазија. Но, по неуспесите на Русија на бојното поле, Пригожин се огласи на социјалните мрежи за да ја нападне високата команда.

Тој беше особено жесток кон министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов – двете највисоки личности кои ја водат руската инвазија на Украина.

За време на бунтот Пригожин не го обвини директно Путин, но аналитичарите го опишаа како најголем предизвик за авторитетот на претседателот во повеќе од две децении на власт. Во меѓувреме, генералот Герасимов е виден во јавноста за првпат по бунтот.

Во јавноста се појавија шпекулации дека маршот на Вагнер бил откажан во замена за отпуштањето на генералот. Сепак, снимката емитувана на руска телевизија во понеделникот покажува дека тој издава наредби за напад на локациите на украинските ракети. Се слуша како разговара за неодамнешните настани, што укажува на тоа дека видеото е снимено по бунтот. Видеото покажува дека претседателот Владимир Путин ги задржал и министерот Шојгу и генералот Герасимов на нивните позиции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...