Непал е втората земја во Азија која легализира истополови бракови

Историската одлука беше донесена од Врховниот суд на Непал на 28 јуни

Фото: Ели Прауд (AllyProud), CC BY-SA 4.0, Викимедија комонс

Стотици истополови парови во Непал ќе имаат прилика во следните месеци да ги регистрираат своите бракови, како резултат на одлуката на Врховниот суд донесена на 28 јуни, пишува Ројтерс. Непал е само втората земја во Азија во која е легален истополовиот брак, а првата а од листата „Најмалку развиени земји“, според Обединетите нации.

Иако во непалскиот граѓански законик сѐ уште стои дека бракот е сојуз меѓу маж и жена, врховниот судија Тил Прашад Шреста ѝ нарача на владата веднаш да почне да ги регистрира истополовите бракови додека се подготвуваат новите соодветни закони, известува меѓународната организација Human Rights Watch.

„Луѓето веќе слават. Трчајќи се враќаат во своите села за да ги соберат потребните документи“, рече Сунил Пант, првиот непалски пратеник кој јавно се изјаснил како геј.

Непалскиот Врховен суд има историја на позитивни одлуки во врска со сексуални малцинства. Во 2007 година тој ѝ нареди на владата да формира комисија за подготовка на закон за истополов брак. Според новиот устав на Непал од 2015 година, забранета е дискриминација по основа на родов идентитет и се дозволува вадење лично документи во согласност со својот родов идентитет.