fbpx

Грција стана првата православна земја што ги легализира истополовите бракови

Гласањето следеше по два дена жестока дебата и неколкунеделен приказ на јавен гнев, при што реформата од поддржувачите беше опишана како „храбра“, а противниците, меѓу кои и православната црква, ја нарекуваа „нехристијанска“

-

Грција стана првата православна земја во светот што легализира истополови бракови откако парламентот во Атина вчера ја усвои оваа значајна реформа.

Во редок приказ на парламентарен консензус, 176 пратеници од целиот политички спектар гласаа за законот. Реформата ја отрфлија 76 пратеници, додека двајца беа воздржани од гласање, а 46 не беа присутни, пренесува Гардијан.

Реформата немаше да помине без поддршката на Сириза, главната опозициска левичарска партија предводена од Стефанос Каселакис, првиот геј политички лидер во Грција и други помали групи.

Гласањето следеше по два дена жестока дебата и неколкунеделен приказ на јавен гнев, при што реформата од поддржувачите беше опишана како „храбра“, а противниците, меѓу кои и православната црква, ја нарекуваа „нехристијанска“.

И покрај огромниот притисок од неговата централно-десничарска партија Нова демократија, премиерот Киријакос Мицотакис се залагаше за предлог-законот, велејќи дека ќе стави крај на сериозната нееднаквост во тамошната демократија.

Во страстен говор пред гласањето, 55-годишниот лидер, кој припаѓа на либералната фракција во конзервативната партија, рече дека мерката ќе ја усогласи Грција со 36 земји на глобално ниво кои веќе имаат донесено законодавство за ова прашање. Тој кажа дека конзерватизмот не треба да се меша со застарени ставови кои не се синхронизирани со современото општество.

„Покриваме празнина дозволувајќи им на сите, доколку сакаат, институционално да ја запечатат својата врска, исто како што тоа го прават хетеросексуалните парови“, изјави Мицотакис.

Мицотакис рече дека хомосексуалците предолго останале „невидливи“, угнетени од нивните семејства и социјалната средина во градовите и селата.

По усвојувањето на законот, премиерот на социјалната мрежа „Х“ напиша дека Грција е горда што стана 16-тата земја-членка на ЕУ што донесе законска регулатива за брачна еднаквост.

ИзворThe Guardian

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...