Њујорк Тајмс одговори на обвинувањата на Вучиќ дека написот за врските на државата со Беливук бил нарачан

„Написот на списанието „Њујорк Тајмс“ за српското судење и врските меѓу највисокото раководство на земјата и насилните нарко-банди се заснова на десетици интервјуа, документи, судски записници и ригорозни теренски известувања од Роберт Ворт. Секоја друга инсинуација е лажна“, се вели во одговорот

-

Голема бура во српската јавност предизвика написот во угледниот Њујорк Тајмс, во кој се опишува поврзаноста на владата на СНС, Александар Вучиќ и криминалните кланови. Претседателот на Србија неодамна за време на гостувањето на ТВ Хепи изјави дека споменатиот текст е „нарачан и напишан во Белград“ и дека тие што го читале не биле фасцинирани.

Овој текст очекувано наиде на остра реакција кај Вучиќ, а редакцијата на Њујорк Тајмс во својот одговор до порталот Нова.рс , истакнува дека објавениот текст се базира на основа на десетици интервјуа, документи, судски записници и ригорозната теренска работа на нивниот новинар Роберт Ворт.

„Њујорк Тајмс“ за Александар Вучиќ и Беливук: Сива зона меѓу државата и мафијата

„Знам дека текстот во „Њујорк Тајмс“ е нарачан, тоа го направија од овде. Ја разбрав пораката, не се исплашив, ниту ме фасцинираат лагите што ги ширите. Велат, Вучиќ некогаш одел и се тепал на стадионите. Ниту сум горд на тоа, ниту некогаш сум го криел“, изјави српскиот претседател.

Во врска со оваа изјава порталот Нова.рс се обратила до редакцијата на Њујорк Тајмс. Нивниот одговор го пренесоа во целост:

„Написот на списанието „Њујорк Тајмс“ за српското судење и врските меѓу највисокото раководство на земјата и насилните нарко-банди се заснова на десетици интервјуа, документи, судски записници и ригорозни теренски известувања од Роберт Ворт. Секоја друга инсинуација е лажна“, се вели во одговорот.

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест стојалишта, пет...

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година

Младинскиот образовен форум (МОФ) соопшти дека ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. Овој настан претставува признание за долгогодишните напори...

Две новороденчиња во прилепско починаа од премрзнување

Две новороденчиња - близнаци од прилепското село Славеј, стари околу 20 дена, починале вчера попладне.   Од Општата болница Прилеп соопштија дека се работи за машко и женско новороденче, кои се родиле...

Измама: „Нептун“ не нуди „Маршал“ звучници за 612 денари

Во невистинитата објава, всушност се прави психолошки притисок врз граѓаните, да немаат време да размислуваат или да се премислат пред да ги остават своите банкарски податоци, затоа што им се става...

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест...