Претходниот и актуелниот министер за здравство со препукувања за модуларните болници

Беким Сали обвинува дека актуелниот министер иницирал исплата на долгот кон „Брако“ за трите модуларни амбуланти во Скопје, додека Министерството за здравство тврди дека токму Сали го дозволил приемот на трите изградени објекти

-

Поранешниот министер за здравство Беким Сали побара одговорност за виновниците кои ги амнестираат одговорните за пожарот што се случи во тетовската модуларна болница, во која животот го загубија 14 лица.

Тој ја потврди информацијата во документарецот на ИРЛ „Убиство во Тетово“, каде што се објаснува за прекинот на исплата и раскинување на договорот со „Брако“ по направената ревизија од Министерството.

Сали посочи дека и покрај препораките на внатрешната ревизија, неговиот наследник и актуелен министер Меџити преку Владата, иницирал исплата на долгот кон оваа компанија.

Беким Сали од партијата Алтернатива побара одговорност и од шефот на Обвинителството Љубомир Јовевски, кој, како што вели, наместо да му се обрати на виновникот и да бара виновници меѓу оние што ги изградија тие модуларни болници, поднел тужба за споредна одговорност, игнорирајќи ја основната одговорност на фирмата изведувач, на нарачателите и поддржувачите на оваа компанија.

Тој побара оставки од премиерот Димитар Ковачевски и од министерот за здравство Фатмир Меџити, но и да им се извинат за сите овие штети што им ги нанесуваат на граѓаните.

Од Министерството за здравство реагираат на прес-конференцијата на Беким Сали, информирајќи дека токму тој го одобрил приемот на трите изградени амбуланти во Скопје и исплатата за нив.

„Беким Сали крие од јавноста дека со негово одобрение, е направен прием на три амбуланти од страна на министерството, а тоа се модуларните амбуланти во ЗД Бутел, Лисиче и Ѓорче Петров. Лично тој како министер одобрил и ги примил модуларните амбуланти на 23.09.2022, 19.10.2022 и 22.2.2023, со што изведувачот правно требал да ги наплати“, велат од Министерството за здравство, додавајќи дека ги ставаат на увид сите документи, како и одобрението и извештајот од надзорот.

Потоа, Сали цели осум месеци решил спротивно на она што го потпишал, да не плаќа и да остави свесно државата да сноси правни и тешки финансиски последици. Долгот кој во меѓувреме е акумулиран по основ на камати за доцнење е повеќе од 200.000 евра кои ќе треба да ги платат граѓаните, посочуваат од Министерството за здравство.

До овој момент, како што информираше Министерството за здравство, не е исплатено ништо за амбулантите додека Владата не донесе одлука за тоа.

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Мариника Тепиќ објави фотографија на која наводно се гледа звучниот топ на српската полиција (Фото)

Потпретседателката на Партијата на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, објави фотографија од протестот на 15 март во Белград на која се гледа уред што личи на звучен топ LRAD 450XL...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За...