fbpx

Jавно обвинителство: Лани имало посложени облици на организиран криминал

„Посебни истражни мерки се определуваат само за потешки кривични дела и тогаш кога е веројатно дека со другите доказни средства нема да биде возможно и доволно ефикасно обезбедувањето на податоците и доказите неопходни за успешно водење на кривичната постапка“, наведено е во соопштението од Обвинителството

-

Двојно поголем е бројот на лица кои се опфатени со посебни истражни мерки во однос на претходната година, покажува Извештајот за примена на посебните истражни мерки во текот на 2022 година што го објави Јавното обвинителство и го достави до Собранието на Република Северна Македонија.

Истовремено, бројот на случаи во кои се применети вакви мерки е намален, што директно укажува дека лани, предмет на кривичен прогон биле посложени облици на организиран криминал и криминални организации кои вклучуваат повеќе лица.

„Посебни истражни мерки се определуваат само за потешки кривични дела и тогаш кога е веројатно дека со другите доказни средства нема да биде возможно и доволно ефикасно обезбедувањето на податоците и доказите неопходни за успешно водење на кривичната постапка“, наведено е во соопштението од Обвинителството.

Најприменувани посебни истражни мерки во континуитет со минатите години се мерките од член 252 ст.1 т.1 – следење и снимање на телефонските и други електронски комуникации и од член 252 ст.1 т.3 – тајно следење и снимање лица и предмети со технички средства надвор од домот или деловен простор означен како приватен.

„Посебните истражни мерки во најголем број случаи се применувале за обезбедување докази за кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат во Обвинителството.

Посебните истражни мерки предвидени во член 252 од ЗКП опфаќаат следење и снимање на телефонски и другите електронски комуникации, следење и снимање во дом, затворен или заграден простор што му припаѓа на тој дом или деловен простор означен како приватен или во возило и влез во тие простории заради создавање на услови за следење на комуникации, потоа, тајно следење и снимање на лица и предмети со технички средства надвор од домот или деловен простор означен како приватен.

Во посебни мерки спаѓаат и таен увид и пребарување во компјутерски систем, автоматско пребарување и споредување на личните податоци, увид во остварени телефонски и други електронски комуникации, симулиран откуп на предмети и симулирано давање и примање поткуп. Во овие мерки спаѓаат и контролирана испорака и превоз на лица и предмети, користење на лица со прикриен идентитет за следење и собирање на информации или податоци и инфилтрирање во организирани криминални групи, отворање симулирана банкарска сметка и симулирано регистрирање правни лица или користење на постојни правни лица за собирање на податоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...