fbpx

ЗНМ: Навредите на Фејсбук кон новинарите може да ја загрозат нивната безбедност

-

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), реагира на непримерната јавна комуникација проследена со груби навреди и закани кон новинари објавени на фејсбук профилот именуван како Божидар Божиновски. Оттаму предупредуваат дека објавување на ваков тип на содржина може да поттикне говор на омраза од страна на трети лица на социјалните мрежи, како и на дел од онлајн медиумите.

„Лицето Божиновски во изминатите денови, преку социјалната мрежа Фејсбук, во еден од постовите, на споменатиот профил, објавува лична фотографија од новинарот Борјан Јовановски и во текстот вели дека: ,,тој е копито фашистичко се појавил на телевизија и не кажал ништо за фашистите во Охрид… на овој би му сугерирал опција Адолф, што побрзо да не спаси од неговото постоење“. Објавување на ваков тип на содржина за колегата Јовановски може да поттикне говор на омраза од страна на трети лица на социјалните мрежи како и на дел од он лајн медиумите. Омразата директно може да ја загрози безбедноста на новинарите и останати поединци со што кривична одговорност освен сторителите имаат и оние кои ги поттикнале делата од омраза“, наведено е во соопштението на ЗНМ.

Оттаму потсетуваат дека слободата на изразување потребно е да се промовира и негува како една од најважните човекови права, но истовремено потребно е да се знае дека остварувањето на овие слободи вклучуваат обврски и одговорности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...